Browsing: ВЕСТИ
Денешната излезност во македонските општини е многу слична на излезноста во 2013 година на локалните избори и 2011 на предвремените парламентарни
Одѕивот на гласачите на претседателските избори до 13 часот и 40 минути, изнесува 25,79 проценти, соопшти Државната изборна комисија. До тој период на гласање излегле 415.670 граѓани
Како што информираа од Граѓанската асоцијација МОСТ, случаи каде што се бришело мастилото од палецот на гласачите се забележани во Куманово, Скопје, Гостивар и Кичево
Новинарските екипи се спречени да известуваат во училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари. Екипата на НОВА била спречена да информира за текот на гласањето, како што информира репортерката Сашка Цветковска. За половина час ќе биде емитувано и видеото од конфликтот помеѓу новинарите и претсавници на комисијата во Шутка
Граѓани на Струга се жалат дека пред влезот на избирачките места стојат комбиња и автомобили со луѓе кои со списоци ги одбележуваат лицата кои одат на гласање. Стружани реагираат и дека мастилото лесно се брише
На избирачкото место во училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, политичарот и неговиот син физички нападнале висок фунцкионер на СДСМ, чии имиња ќе ги објавиме после 19 часот, кога истекува изборниот молк
На ГМ 1782 во општина Ново Село имало прекин на гласањето во траење од 10 минути. Пред гласачкото место се вршел поткуп на гласачи и член на ИО реагирал при што настанала тепачка и била повикана полиција
Набљудувачите на ЦИВИЛ регистрирале повеќе нерегуларности на изборите, агитации и притисоци, а велат дека во Скопје се пристигнати гласачи од Пустец. Пировска: Полицијата се однесува несоодветно на некои гласачки места
„Чудно е затоа што 12 години имавме гласање во тензија и проблеми, но, како што изгледа, денеска е мирно затоа што ДУИ не учествува на овие избори, рече Тачи откако гласаше и истакна дека верува дека ќе вечерва ќе имаат добар резултат
На неколку избирачки места на Општина Гостивар до 10.00 часот воопшто не е гласано ниту за еден кандидат. Се работи за избирачки места во селата Падалиште, Корита, Мирдита, Страјан, Ѓеновица во три гласачки места во Чегране,и на едно избирачко место во Чајле
На избирачко место во Ѓорче Петров уште рано утрово било забележано дека две починати лица биле заведени дека „гласале“, соопштија од невладината организација „Цивил“
Во Шутка организирано се превезуваат гласачи до гласачките места со автомобили кои на десниот агол од шофершајбната имаат залепено хартија со бројот 1. Неколку такви автомобили кружат низ Шуто Оризари, ги земаат гласачите од домовите, ги носат до гласачките места да гласаат, а потоа во придружба ги спроведуваат до самото место на гласање, од автомобилот до гласачкото место