Browsing: КУЛТУРА

Утре, петок на 29 јуни, по 11 часот ќе биде отворена третата по ред скопска кафетерија Coffee Factory на улица Македонија спроти спомен куќата на Мајка Тереза. Овие три локали спаѓаат во категорија на професионални кафетерии.

Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Центар вели дека во програмата на Општина Центар веќе се предвидени средства за обнова на Железничката зграда, останува уште идејните решенија на архитектите да се достават како проект до општината и сите различни чинители активно да се вклучат во континуирана комуникација и соработка, а посебно станарите чија согласност е клучна со цел да се реализира било кој предлог за реновирање и интервенција на објектот.

Со концерт на Дадо Дганит, позната пејачка и член на Националниот театар на Израел „Хабима“ и познатата израелска флејтистка Зер Авив, вечерва во Македонската филхармонија е отворен фестивалот „Скопско лето 2018“.

Ќе се одржат Интернационалните ликовни работилници – Интернационална сликарска колонија, Интернационалниот скулпторски симпозиум „МЕРМЕР“, Интернационално студио за пластика во дрво, Интернационално атеље за скулптура во метал и Интернационално атеље за уметничка фотографија

Наградата „Книжевен жезол“ на Друштвото на писателите на Македонија за исклучителен поетски опус годинава ќе ја добијат македонскиот поет Видое Видичевски и поетот од Романија Ѓеорѓе Добре.