Browsing: КУЛТУРА

Олга Панкина, поетеса и директор на Македонскиот културен центар во Москва е голем афирматор на македонската литература во руската јазична средиона преведувајќи голем број македонски автори, меѓу кои „Големата вода“, од Живко Чинго, „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, „Папокот на сетот“ од Венко Андоноски, „Невестата на змејот“ од Влада Урошевиќ многу други автори.

Со операта „Аида“ на Џузепе Верди вечер ќе завршат 46. Мајски оперски вечери. Во насловната улога на операта, со која традиционално се затвора фестивалот, годинава ќе настапи  сопранистката Ана Лукреција Гарсија од Венецуела. Режисер е Дејан Прошев, кореограф Снежана Филиповска, а диригент Бисера Чадловска.