Browsing: КУЛТУРА

Домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста ќе бидат дел од понудата на 25. Саем на книгата, кој годинава ќе се одржи од 9 до 15 април

Педесет стихозбирки кои се наградени со „Браќа Миладиновци“ – признанието што половина век го доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, од денеска се достапни во електронска форма

Претставата „Сократова одбрана“ од Платон, во режија на Дритеро Касапи и Дино Мустафиќ, со Бајруш Мјаку во улогата на Сократ и со актерите Бесфорт Идризи и Ибрахим Џемаил, во продукција на „Театарот на еден актер“ од 22 до 26 т ќе учествува на фестивалот на монодрама „Света Муза“

Со францускиот филм „Готвачката на Претседателот“ во режија на Кристијан Венсан, вечерва, во Кинотеката на Македонија ќе почне „Недела на франкофонски филм“ во организација на Францускиот институт во Скопје

Освен што се врати на на врвот на топ листите, Дејвид Боуви има уште една причина за славје – неговата изложба на 23 март во Лондон, најверојатно ќе биде попосетена отколку поставката на Леонардо да Винчи

Mакедонскиот состав „Стринг форсис“ го најавува своето ново аудио и видео издание. Се работи за темата „Причина-предумисла“, која е истовремено и нивни прв сингл од новиот албум

Во рамките на проектот „Место за учење“ под водство на културниот теоретичар Борис Буден, истражувачкиот тим од Скопје на 22 март ќе одржи работилница и ќе ги претстави резултатите на истражувањата на кои работеа во текот на последниве неколку месеци

Под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје денеска во кино „Милениум“ ќе бидат доделени наградите за најдобар есеј по повод јубилејот – 50 години од славниот говор „Имам сон“ на Мартин Лутер Кинг