Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: СПОРТ
Дисциплинските мерки за францускиот и за турскиот клуб се последица на дивеењето на нивните навивачи пред првиот четвртфинален натпревар во Лига Европа на 13 април во Лион
Тетовци загубија во реваншот на домашен терен од Вардар со 0:1, но благодарение на триумфот со 3:1 во првата средба ќе играат за титулата по четврти пат како и битолчани. Двата тима досега имаат по една победа и два пораза
https://www.youtube.com/watch?v=yEySrwB6z40 Двата гола што ги постигна Кристијано Роналдо во продолжението на реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Баерн, за…
Баерн славеше во основниот дел од реваншот со 2:1 за продолженија во кои „кралскиот“ клуб постигна три гола и со 4:2 ја доби двочасовната фудбалска претстава на „Бернабеу“. Унгарскиот судија престрого го исклучи Видал во 84 минута и заедно со асистентите не видоа офсајд на Роналдо во 105 минута за израмнување на 2:2. Атлетико го елиминира Лестер
Според поранешниот селектор на Италија и менаџер на „старата дама“, оружениот аренал на Барселона е уникатен, но само во напаѓачкиот дел
Гулит, според весникот „Де Телеграф“, котира највисоко за наследник на Дени Блинд кој доби отказ по поразот од Бугарија во квалификациите за СП 2018. Легендата на Милан својот последен тренерски ангажман го имаше во 2011 година во Терек Грозни
Лидерот во Чемпионшип дивизијата го совлада Виган и стигна до бројката од 92 бода, седум повеќе од тимот на Њукасл кој под водство на Рафаел Бенитез е пред експресен кам-бек во елитното клупско фудбалско друштво на Островот
Долгогодишниот капитен на „сините“ ќе замине од „Стемфорд бриџ“ со четири освоени титули во Премиерлигата, пет во ФА купот и по една во Лигата на шампиони и во Лига Европа
Велшанецот влече проблеми со листот на мускулот од средината на вториот дел во мечот на „Алијанц арена“ поради што го немаше во составот и против Спортинг Хихон во саботата, а според најавите би можел да го пропушти и „Ел Класико“ наредниот викенд
„Црвените ѓаволи“ славеа со 2:0 на „Олд трафорд“ во дербито на 33. коло и сериозно ги вратија „спарси“ во игра за шампионскиот трон. Рашфорд и Ерера стрелци за Манчестер
Германецот беше најбрз попладнево на патеката „Сакир“ за втора негова победа во 2017 година. Времето што притоа го оствари беше 1:33:53 часа оставајќи ги зад себе двата пилота на Мерцедес, Луис Хамилтон (+6.660 сек.) и Валтери Ботас (+20,397 сек.)
Кливленд ги совлада „пејсерси“ со 109:108 иако неколкупати во последниот период имаше и плус 10, Сан Антонио го „разнесе“ Мемфис, „бакси“ го замолкнаа Торонто, „џезерите“ им „отсвиреа“ на „клиперси“ во Л.А