Browsing: КОЛУМНА

Институцијата која по својата природа се занимава со социјални проблеми ја изгуби основната цел за која постои- хуманоста. Министерството од кое луѓето излегуваат расплакани. Како мајката на девојчето со Даунов синдром или таткото на детето болно од леукемија

Се додека кривичната одговорност не се воспостави како главен приоритет, тешко дека ќе се спроведе и реализира било кое човеково право во оваа држава

Па, нели македонското здравство според европскиот здравствен потрошувачки индекс е повисоко рангирано од Италија , Ирска, Полска. Што кажуваат и што пријавуваат таму не знам, ама луѓето во Цапари еднаш неделно доктор ги прегледува сред село и не може да им издаде рецепти, не е матичен

Но, целта на секоја држава е да има помалку болни. Да се намали процентот на заболени од рак, да се намали смртноста на новороденчињата, на родилките, да се елиминираат причинителите. Зарем, тоа не е примарна работа на една држава за да има здрава нација и помалку трошоци?

Сега Тодоров тендерите ги најавува како историски момент и спас за македонското здравство. Настрана се друго. Кој ќе ги отплаќа инвестициите? Со кои пари? Ги прашал ли граѓаните дали се согласуваат на ваков начин да се трошат нивните пари? Тоа Тодоров не го кажува

Единствениот збор со кој можам да го сумирам последното интервју на екс-премиерот Груевски е: Очај. Не знам дали е свесен колку очајно изгледаше неговиот последен обид да објасни дека на крај, после десет години неприкосновена власт, ќе мора да оди во опозиција