Browsing: СТАВ

Она што ни го донесе последнава деценија – комплетно уназадување на граѓанските, националните и човечките вредности, покажува дека огромен број од денешните Македонци се со регресивна свест

Да, тоа е таа промена! Кога еден систем кој со години функционирал и обезбедувал терапија за луѓето со дијабетес, ќе се трансформира и државата ќе одлучи  да штеди на сметка на најранливите. Кога братче свири на виолина и собира пари за својата болна сестричка, за таа да може да се оперира во Германија

Законот за заштита на укажувачите содржи неколку одредби чија примена може да биде проблематична. Поконкретно, „свиркачите“ треба да бидат заштитени кога ќе пријавуваат и директно во медиуми или граѓански организации и треба да се гарантира независност на внатрешните канали на пријавување

Кога другар ми Жика се запиша во средно хемиско во Скопје, онака мангупски велеше дека целта му е од г… да направи тулумба. Жика го заврши хемиското одамна, но никогаш не стана алхемичар. Затоа пак, во земјата македонска завладеа алхемија која успеа тотално да му го испере мозокот на просечниот човек

Зошто муслиманите не излезат масовно на улица да ги осудат терористичките напади?
Одговор даде Исмаел Саиди, поранешен полицаец, режисер, верник и син на марокански имигрант во Белгија.

Беса Арифи, Доцент по Казнено Право: Роб облечен во облеката на Јустиција не може да донесе праведна одлука, само човек со слободен ум може да носи праведни одлуки, а како што рекол Ганди, слободата и ропството се ментални состојби, т.е. никој не може никого да ослободи од ропството што потекнува од неговото битие“

„Огромни долгови. Граѓаните треба да вратат шест милијарди евра кредити. Две милијарди што самите сме ги земале и над четири милијарди што владите не задолжиле. Досега. Или по три илјади евра секој жител, од бебе до пензионер“

Од Распеаните Скопјани, па се до Заштитата на ГТЦ и други урбани битки, се измоделира едно исконско партиципирање кое е во постојан подем и за жал единствена носечка сила во едно општество

Деновиве, после срамното гласање на Уставниот суд за Претседателот да може да помилува сторители на изборен криминал, со увереност треба да се каже дека диктатурата во Македонија е во својот апогеј

Димитар Башевски, писател: „Дали се чувствувате исто денес, кога народот протестира пред вашиот Суд, дали денес некој седнува да разговара со вас, можете ли да се сретнете со вашите четворица колеги кои длабоко го сфатија значењето на овој момент и гласаа против, што им рековте на вашите сопрузи кога се вративте дома, што им рековте на вашите синови и ќерки?“

Димитар Башевски, писател: „Дали се чувствувате исто денес, кога народот протестира пред вашиот Суд, дали денес некој седнува да разговара со вас, можете ли да се сретнете со вашите четворица колеги кои длабоко го сфатија значењето на овој момент и гласаа против, што им рековте на вашите сопрузи кога се вративте дома, што им рековте на вашите синови и ќерки?“

„Статистичките податоци укажуваат дека имате одбиено најмногу барања за заштита на слободите и правата, па со ова ме ставате во дилема, дали ние граѓаните имаме осет за слободи и права? Еве признавам, помислив дека имам осет за слободи и права. И поднесов барање до Уставен суд…“