Browsing: СТАВ

По вестите на одредени медиуми дека полициски сили се упатуваат кон тетово, корисниците на социјалната мрежа Твитер од овој град пишуваат дека градот е мирен и повикаа да не се шират дезинформации

Дедо ми викаше во секое сончогледово цвеќе има расипан сончоглед но и добар, така е и со луѓето. Има добри Македонци, добри Албанци, а и лоши Македонци и лоши Албанци. Живееме во 21 век, сите сме исти, луѓе створени од Бога, време е да се соединиме и да покажеме дека можеме и умееме да створиме повторно единство.

Луми Бекири, Студентски пленум: Во целиот тој страв и срам што го голта Куманово, срцето ми го стоплуваат соседите Македонци, Срби, Роми кои рано изутрина тропнаа на мојата врата за да покажат дека тука се, сите сме заедно во ова, колку и проклето тешко да е!

Луми Бекири, Студентски пленум: Во целиот тој страв и срам што го голта Куманово, срцето ми го стоплуваат соседите Македонци, Срби, Роми кои рано изутрина тропнаа на мојата врата за да покажат дека тука се, сите сме заедно во ова, колку и проклето тешко да е!

Ако ние дозволиме да ги изгубат своите надежи, своите соништа, својата амбиција – тогаш сите ние, заедно со вас, сме ја изгубиле иднината. НИЕ СТОИМЕ ЗАД НАШИТЕ ДЕЦА!!!
Тие се нашето богатство , а не ваш инструмент!!!

Ако ние дозволиме да ги изгубат своите надежи, своите соништа, својата амбиција – тогаш сите ние, заедно со вас, сме ја изгубиле иднината. НИЕ СТОИМЕ ЗАД НАШИТЕ ДЕЦА!!!
Тие се нашето богатство , а не ваш инструмент!!!

„Најмногу на врхушката на власт, против која протестираме. Насилството за нив е одличен повод и аргумент ЗА уште побрутално, контра-насилство. Гневот, бесот и неправдите кои сите ги чувствуваме мораат да бидат канализирани и изразени на поинакви, ненасилни начини. Затоа што насилството е она против кое се бориме сите овие години“

По вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски кој за време на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на кој беше реизбран за претседател на партијата изјави „Никој нема да ми каже фала“, неговата изјава денеска е хит на социјалните мрежи. Погледнете како твитерџиите му се заблагодарија на премиерот

Лина Ќостарова-Унковска: Нашиот највисок интерес, токму затоа, треба да биде насочен кон младите и со нив. И кон поддршката што тие треба да ја добијат, а ја добиваат, некаде отворено, искрено и безусловно, но сеуште недоволно. Зашто, вистинското прашање тука и не е веќе матурата, екстерното, ниту возраста, или „каде им е местото“, туку фактот дека 18.000 средношколци, ширум земјава, излегоа и останаа на улиците во надеж дека ќе бидат слушнати

Наставнички Пленум:Ве повикуваме да ги истражите другите образовни системи пред да тврдите дека ваквите екстерни проверки се дел од многу европски образовни системи.
Ве повикуваме јавно да кажете каде се тестираат ученици секоја година во основно и средно образование?Ве повикуваме да кажете каде оценките од екстерно тестирање се внесуваат во свидетелството на ученикот?

Со овој резултат сметам дека е ставен вториот темел на демократска Македонија, каква што не ја познававме во изминатите 25 години. Студентскиот пленум кој ги инспирираше сите други пленуми, и сега Плоштад слобода со својата иницијатива, се зачетокот на современите демократски вредности во Македонија. Ова е тој процес кој не може повеќе никој да го запре или да го врати назад