Browsing: СТАВ

Се чини и власта и опозицијата се затекнати од Студентскиот пленум и Автономната зона. По првичните обиди за делегитимизација на Студентски пленум од страна на провладини медиуми преку тврдењата дека СДММ стои зад сето тоа, МОН ретерира и го прифаќа Студентскиот пленум како легитимен претставник на студентите

Тамара не е единствен трагичен случај на оваа власт. И ден денес пред очи ми е ликот на малата Стефанија, малата убавица со кадрава коса и прекрасни очи, во моментот кога заминував од нејзината куќа, а таа стои зад завесата и ми мафта со рака во знак на поздрав. Тоа беше нашата последна средба пред да замине во Холандија, а потоа и засекогаш од овој свет. Фондот за здравство долго калкулираше со парите, се изгуби скапоцено време

Ѕвездан Георгиевски: Со ова и вакво прислушување не се штити никаков систем и никаков уставен поредок, туку се штити сопствената позиција на главен мајстор на општествената манипулација

Елена Б. Ставревска: Останува да се види дали опозицијата ќе успее да го обликува целокупниот наратив на начин кој би ги обединил обичните граѓани и би ја надминал општествената поларизација. Она што е сепак сигурно е дека, за разлика од состојбата во македонскиот фудбал, политички, сведоци сме еден од ако не и најинтересниот период во историјата на земјата од нејзината независност

Странските туристи не доаѓаат на класичен одмор во земјава, туку тие во најголем дел доаѓаат заради кратки деловни патувања, шопинг тури или територијата на Македонија ја користат за транзит

Мајка ѝ на Тамара се подготвуваше за деновите кога нејзиното чедо конечно по сите години болка ќе почне да живее обичен, нормален, посакуван, мирен живот. Мајка ѝ на Тамара се подготвуваше за бескрајна среќа, а се соочи со бескрајниот ужас

Објаснувањето дадено од страна на Илија Димовски (во улога на предлагач) на најновиот предлог за промена на законите кои се однесуваат на плаќањето давачки за договори за дело и авторски договори, ги имаат сите карактеристики на измама

Европскиот совет за односи со странство (ECFR) во својот последен извештај ја оценува успешноста на политиките на ЕУ и на земјите членки на ЕУ кон Македонија и овие политики ги смета за крајно неуспешни

Елизабета Секирарска: Многу актери има оваа учителска сага, навистина. Сега, после се, ако се согледа резултатот, можам да кажам вака: се ми се чини дека уште еднаш се потврди оној жален македонски синдром кој не прати како клетва – не губиме оти ни е силен непријателот. Губиме оти не сме силни самите. Оти не се силни и оние кои би требало да ни се пријатели

Кај поголемиот дел од албанската јавност не постои дилема дали таканаречените “бомби” содржат компромитирачки содржини и за преставници на ДУИ. Бидејќи последните години ДУИ функционираше како најтврдокорниот и најлојалниот бастион на „ДПМНЕ-измот”, албанската јавност е убедена дека доколку постојат компромитирачки „бомби” за ВМРО-ДПМНЕ, уште повеќе постојат компромитирачки „бомби” за ДУИ

Ако не за друго, тогаш заради логиката дека „бомбите” на Заев, може да наликуваат на „пeтарди” во однос на тоа што го знае ВМРО-ДПМНЕ за челниците на ДУИ и ДПА, а што кога и да е ќе се обелодени!” , објави на својата ФБ стрaница која има над 125 илјада „фанови”еден од највлијателните Албанци во Македонија, писателот Ким Мехмети