Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доказите се секаде околу вас, господине Хан

0
By Нова ТВ on February 18, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 18, 2015 13:01

Пишува: Ана Петрушева, Балканска мрежа за истражувачко новинарство

Кратковидоста на ЕУ неделава достигна нов врв кога станува збор за Балканот. Брзи и кусогледи решенија не се ништо ново кога зборуваме за начинот на кој ЕУ се справува со ризиците, но одлуките да се игнорираат толку многу загрижувачки процеси можат да им нанесат огромна штета на Македонија и на Србија во наредните декади.

Јоханес Хан, комесарот за проширување и наследникот на Штефан Филе, даде две важни изјави оваа недела кои јасно ја илустрираат позицијата на ЕУ кон Србија и кон Македонија. Обвинувањата за загрозената слобода на медиумите во Србија мора да бидат докажани, рече тој. За Македонија, која е погодена од скандалот со прислушувањето, изјави дека очекува судството да си ја заврши работата.

Нема дилеми дека ЕУ има полни раце работа, почнувајќи од Грција до Украина и Сирија. Но, во секој случај, тоа не е изговор за неактивност на Брисел или политика која за приоритет ја има стабилноста, на сметка на демократските слободи. Со ваквиот пристап, пораката што се испраќа до Балканот е „можете да правите што сакате, сѐ додека не се испоубиете меѓу себе“.

Српскиот премиер Александар Вучиќ неодамна ја искористи нашата мрежа, БИРН, за да ја дисциплинира ЕУ. Тој лансираше кампања, преку огромна пропагандна машинерија да нѐ етикетираат како лажговци, платеници и предавници и „удри“ по ЕУ зошто финансирале проект за истражувачко новинарство што разоткрива криминал и корупција.

Неговата демонстрација на моќ и пораката дека слична судбина ќе ги чека и другите критички медиуми, можеше да се види веднаш преку примерот на Центарот за хуманитарно право кој што побара истрага за наводни воени злосторства извршени од српскиот генерал Љубиша Диковиќ за воени злосторства. Центарот беше етикетиран како предавнички.

Со месеци, новинари и невладини организации во Србија се жалат на цензура и притисоци од власта. Како резултат на тоа, Србија падна за 13 места, од 54 на 67 на листата за слобода на медиуми на угледната „Репортери без граници“. Судејќи според тоа како почна 2015 година, со кампањи против БИРН и против ЦХП, ситуацијата може само да се влоши.

Оттаму, изјавата на господинот Хан дека обвинувањата за прекршување на слободата на медиумите мора да се докажат, е најблаго речено, збунувачка. Доказите се секаде. На пример, ќе ги најдете и ако го погледнете извештајот за напредок на Европската комисија за 2014.

За време на кампањата против БИРН, само за една недела беа објавени 170 извештаи, додека само четири медиуми во Србија му дадоа простор на БИРН да одговори. Освен неколкуте медиуми со низок тираж, никој не го објави истражувањето кое го испровоцира Вучиќ да почне кампања против БИРН, иако сторијата беше, без дилеми, прашање од јавен интерес.

Зборовите на Хан не поминаа незабележано. Српскиот премиер Вучиќ на Твитер напиша “Му благодарам на Хан затоа што е подготвен да биде под медиумски притисоци, бидејќи вистината му е поважна. Тој е чесен човек.”

Еден уште поилустративен пример на европската политика на „ништо лошо не гледам, ништо лошо не слушам“ е Македонија. Веќе девет години земјата е заложник на софистицираниот режим кој успеа комплетно да ги уништи и стави под партиска контрола сите државни институции. Владеејќи со страв и закани, со сите главни медиуми под владина капа, земјата во светот почна да станува предмет на потсмев, со сите нејзини монументални проекти и илузии за возвишеност. Протестите се пресретнуваат од контрапротести, политички противници и новинари завршуваат во затвор, а секаква критичка мисла е прогонета од јавниот дискурс.

Последниот скандал со опозицијата која објави материјали од наводно прислушувани разговори на повеќе од 20.000 граѓани, само дополнително го илустрира недостатокот од интегритет на институциите. Да се разбереме, Македонија никогаш не била интересна како Србија, ниту пак, може да го уценува Западот со нејзините врски со Русија. Истовремено, во Брисел долго време има замор и фрустрираност со блокадата на спорот за името и неуспешните преговори со Грција. Сепак, тоа не ја попречува ЕУ постојано да дава препорака за датум за преговори, да дава пари и да продолжи да се преправа дека сѐ е во ред во земјата на Груевски.

Сега, во Брисел, имаат можност да се изнаслушаат серија фасцинантни разговори. Министрите за финансии и за внатрешни работи зборуваат за делегирање задачи на обвинителот за тој да отфрли кривични пријави, шефот на тајната полиција преговара за назначување на претседател на Врховниот суд, министерот за внатрешни работи прашува дали одреден судија е „100 проценти нивни“ за да може да биде унапреден, а министерката го повикува јавниот обвинител на разговор.

Сите овие снимки, чија автентичност засега не е доведена во прашање, покажуваат не само целосна политичка контрола врз судството туку фрлаат сомнеж за разни судски процеси во последниве години. Но, и покрај сѐ, господинот Хан вели дека овие случаи треба да се расчистат во судовите и зборува за владеење на право. Дали мисли на истите тие судови, на истите судии и обвинители?

Каква порака испраќа тоа? Им покажува на овие влади дека основните стандарди на пристојност можат да бидат газени сѐ додека тензиите предизвикани од репресија, корупција, клиентелизам и непотизам не се прелеат на улиците и завршат со крвопролевање.

Европската унија мора да заземе јасен политички став. Време е да стави јасно до знаење дека земјите кои претендираат да влезат во ЕУ не може да ги карикираат темелните демократски вредности. Пропуштајќи да го направат тоа, претставниците на ЕУ потфрлаат во спречувањето на подемот на новите авторитарни режими во Македонија и Србија, во кои нема интерес за вредностите кои Унијата тврди дека ги претставува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.