Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: СТАВ
И во што – извинете што ќе прашам – е подобра, уметнички посилна и творечки покомплексна Есма наспроти еден Петар Хаџи Бошков, па првата да ти биде национален уметник, а вториов, со неговите осумдесеттина години, да не е? Или извиканион Милчо Манчевски, ако сме веќе кај тоа?
Mафијата ги заштитува клиентите од самата себе, прекривајќи ги со тешкото ќебе на својата татковска грижа; под тоа ќебе тие се чувствуваат безбедно и немоќно доколку редовно го плаќаат својот „пицо“, рекеташкиот данок
За шест недели Велика Британија ќе биде домаќин на самит на НАТО во Велс на кој односите со Русија ќе бидат повторно во центар на вниманието. Од Русија зависи кој пат сега ќе го одбере, напиша Камерун на ФБ
Во принцип, самата афера „Македонска Банка“ и нема за цел барање на правна одговорност од главниот актер во неа. И врапчињата знаат дека евентуалното дело е застарено а ако продолжиме во стилот на Зврлевски, и да не е застарено, тука е Иванов кој најверојатно веќе го има потпишано документот за евентуална аболиција
Oстанува прашањето дали патетиката од типот „бев приморан“ и „бев корумпиран“ е првото и последното уметничко / творечко „вјерују“ на овие уметници? Дали едно вакво признание – нека е и само од еден од учесниците – ни ги појаснува и двојниот идентитет, и судирот на концепти, и целосната деперсонализација на нивната уметност?
Даница Павловска- Циги: Во име на моралната парадигма што ја носат сите скопјани се поставува прашањето: како тоа да нема ништо за паметење на моментот на солидарноста по земјотресот? Парк, скулптура, комплекс, каква и да е уметничка творба, урбана структура со социјална димензија…? Нешто постоеше, но го снема. Потребата е сеуште тука
Eксклузивно за НОВА украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук: Ние имаме непобитни докази за извршување на ова злосторство од страна на терористите и нивните покровители, но од тоа не е полесно
Мирослав Грчев: Случајот со македонското правосудство е структурално идентичен со неговите екстремни историски пандани, при што македонските судски процеси веќе наликуваат на средновековните „животински“ процеси, само што анималниот недостаток на свест, разум, волја, морал и хуманост се манифестира кај службениците на правосудниот систем, а не кај обвинетите
Eксклузивно за НОВА украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук: Во последно време колони од оклопна техника од Русија преминуваат преку границата секој ден, дури два пати на ден, како што тоа беше на 13 јули. При што тоа се прави дење, а не ноќе, како што тоа беше порано. Веќе никој ништо не крие. Сега го очекуваме појавувањето на првите авиони
Поддршка од универзитетската фела добија тројцата доктори на науки Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски кои од вчера почнаа штрајк со глад на Штипскиот Универзитет, бидејќи незаконски се избркани од работа. Дел од фелата смета дека ова што се случува со нивните колеги е невиден преседан и рушење на интегритетот на професорите