Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Русите сакаат мир – 2

0
By Нова ТВ on July 16, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 16, 2014 09:55

Автор: Јуриј Гончарук, Амбасадорот на Украина во Република Македонија

Пред месец дена во статијата «Дали Русите сакаат мир», објавена во МКД.МК, јас го напишав следното: «Веќе е забележана тенденцијата – само што ќе се суспендира активната фаза на антитерористичката операција (АТО) на барање на руската страна, тогаш се случува значително зајакнување на терористичките групи. Четири дена владееше затишјето – се појавија тенкови. С. Лавров настојува за прекин на огнот на Истокот на Украина – значи треба да се очекуваат авиони…»

Потоа се појавија инсталациите «Град», стана разноврсно вооружувањето за сметка на снабдувањето од Русија. Тенкови, артилериски системи, хаубици и веќе не е екзотика, туку редовно вооружување на сепаратистите.

При што нивното количество постојано расте. И дури загубите не се чувствуваат во арсеналот. По ослободувањето на Словјанск, во градот беа пронајдени, токму пронајдени, три тенка.

Во последно време колони од оклопна техника од Русија преминува преку границата секој ден, дури два пати на ден, како што тоа беше на 13 јули. При што тоа се прави дење, а не ноќе, како што тоа беше порано. Веќе никој ништо не крие.

Сега го очекуваме појавувањето на првите авиони. Веќе неколку дена се води упорна информативна кампања од другата страна за да се создадат услови за нивно «легализирање».

На 14 јули, над територијата на Украина, во реонот на границата со Русија беше соборен воено-транспортен авион АН-26, којшто испорачуваше товар на украинските падобранци.
Во својот извештај Министерот за одбрана истакна дека со оглед на тоа што авионот леташе на висина од 6.500 м, неговото погодување од преносливите зенитни комплекси, кои се наоѓаат во вооружувањето на милитантите, е невозможно, односно авионот беше погоден со друго, помоќно ракетно оружје, коешто беше употребено, веројатно од територијата на Руската Федрација.

На 15 јули, Претседателот на Службата за безбедност соопшти дека до крајот на денот ќе бидат подготвени непобитните докази за вклученоста на Русија, заедно со картите, со сите сектори, што ќе му бидат доставени на Претседателот на Украина и потоа ќе бидат објавени.

«За последните три дена против Вооружените Сили на Украина беше употребен новиот руски ракетен систем за лансирање», – рече во својот настап Претседателот на Украина.
Исто така се потврдуваат, според неговите зборови, податоците за тоа дека во борбени дејствија против украинските сили земаат учество руските офицери.

На 15 јули, Претставникот на Украина при ЕУ, К. Елисеев предаде на ЕУ и на Европарламентот документирани факти за поддршка од страна на Русија на проруските вооружени формации.

«Ние обрнуваме вниманието на европските партнери на тоа дека од моментот на донесувањето на претходните заклучоци на Европскиот Совет од 27 јуни, кои содржеа низа конкретни барања од РФ, а исто така на тлото на успесите на антитерористичката операција, фактите на вмешаноста на Москва стекнаа посмел карактер» – истакна тој при тоа.

Русија постојано изјавува за неопходноста од деескалирањето на ситуацијата во Донбас, продолжувајќи да го «пумпа» донбаскиот регион со современо оружје. Поради што?

На 14 јуни, на прес-конференција, шефот на трауматолошкиот оддел на днепропетровската клиника „Мечников”, И. Жердев соопшти на прес-конференцијата за тоа дека ако порано во болницата пристигнуваа жртви со прострелни рани, тогаш сега, во основа, со рани од оружје за масовно уништување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.