Browsing: СТАВ

Аирлија за експериментот со кој Владата ќе ги научи сиромашните да не јадат. Издржливоста на луѓето што живеат во беда и мизерија ќе се тестира во целата држава со постепено зголемување на најниските плати кои во период од 2014- 2016 – 2018 година ќе пораснат од 8.050 до 10.080 денари

Златко Теодосиевски: А за јајцето наречено барокна Универзална сала, па барокен Тоше Проески, па барокно незнам што, беше ли прашан? Или, бидејќи денес, демек, нема веќе стилови, нема современа архитектура, нема ништо, се’ е дозволено…

Токму тие новинари кои го бранат она малку достоинство што остана од професијата се жигосуваат без ниту еден аргумент, валкано до зла бога. Ви се молам, новинари имале регистрирано фирми, весници, портали, имале станови, куќи, имале имот, имале автомобили… Тоа ли е гревот што треба да ги испере валканиците на вашите медиумски перјаници.

Дури и во еден единствен пример, разликата меѓу Србија и Македонија е токму во храброста за решавање на критичните прашања. За разлика од Белград, кој по силните притисоци и откога ги изгуби сите битки мораше да се соочи со реалноста наречена Косово, македонските државници вешто ги избегнуваат суштествените општествени проблеми

Не сакам општество во кое парцела во центарот на главниот град чини 72 денари по м2, а киријата месечно да кошта колку негде 75% од минималната плата во државата. Не сакам општество како нашево

Ѕвездан Георгиевски: Ова во суштина е вистинско време за предвремени избори. Индиските и турските серии и натаму неприкосновено владеат со телевизиските екрани, премиерот се опушта во “Опуштено” на МТВ, секој ден по едно три пати, Ивона Талевска не е на програмата…

Ако змијата што се јаде е круг, замислете дека власта е главата, оној што јаде и што последен ќе биде изеден. Во главата од кругот се привилегираните од моќта и од парите, самата фамилија, нивните бизнисмени, нивната идеолошка и медиумска компонента или технолошко-извршителската

Од друга страна, колку и да имам симпатии кон овие луѓе, нејасен ми останува фактот зошто и покрај толкавата заостанатост, која де факто е по вина на претходните власти, и понатаму се бастион на сегашната влада, особено што ниту оваа не е нешто подобра од претходните

Дали Европскиот парламент не обвинува дека во нашите редови има ултранационалисти и дали оваа респектирана институција сака да воведе двојазичност во Македонија?

Златко Теодосиевски: Националниот идентитет, дигнитет и историја се бранат со знаење, или во случајов со Уметност, а не со кич