Browsing: СТАВ

Рамадани: Медиумите се будат и заспиваат во некоја своја Македонија, така и отпорот кој во многу големи размери, до индивидуалност е поделен, атомизиран, се буди во своите Македонии…

Ако може да се постават споменици без никој да знае, може само да замислиме како се трошат нашите заеднички пари од државната каса, која никој не ја контролира…овој начин на работа се дефинира како шверцување и работење кришум

Од вулгаризмите и гнасотилаците на владините перачи на мозок треба да ослободи македонското општество, но налет нека е промената ако на Миленко и на Латас треба да им се спротивстават со нивни антиподи, без разлика колкав степен на вистина има во тоа што го зборуваат

Зошто, наместо да плукаш по „јатото“ што бара повеќе ресурси за своите интелектуални капацитети, или животни замисли, не излезш во Скопје на улица, на плоштад… и не речеш „Доста е со градење во Скопје“, дајте малку акција и во провинцијата, да ни се тргнат од вратот овие ненаситни доселеници од зад планините

Мигот на првата претстава на новиот објект на МНТ е свечен и легитимни се сите истражувања во новините што тој ги има. Нема безгрешност! Мигот е таков! Има прашалници на кои веројатно се сопнувале и сите кои се вклучени во реализацијата на “Вечната куќа”

Ристо Лазаров на Св. Климент, 2013: Митови имало отсекогаш, само што денес, во Транзицијата се некако поизопачени, подречливи

Делото на Нелсон Ролихлала Мандела, симболот на борбата против апартхејдот, ќе се памти по огромниот придонес за човечките вредности, останувајќи во редот на највозвишените личности на дваесетиот век

Орден за Виктор Орбан: Претседателе Иванов, дали европските критики, предупредувања, стравувања, загриженост, дали се тие заслугите, соработката, афирмирањето и јакнењето на македонскиот углед? За овие “заслуги” ли вие му аплаудирате, претседателе Иванов, тогаш, кога европските политичари велат дека ги боли?

Скопје претрпе промени што го обезличија, што го оддалечија од неговите жители…оние кои сметаат дека не е страшно да се живее во вакво обезличено Скопје, се луѓе со изгубена волја, апатични и без барања, и од себе, и од другите…таквите луѓе можат сегде да живеат…