Browsing: СТАВ

Македонија има најголема класна раслоеност во Европа и бившите Советски републики со џини коефициент 43,2, па така најниската месечна плата во Македонија е 130 евра, а највисоката 82.590 евра

Има планови за излегување на улица и од страна на етнички македонски групи во сабота. Лудилото е далеку од завршено. Трагедијата виси во воздухот, додека елитата ги остри канџите за да ги собере своите гнасни, победи.

Толку краток живот а толку многу нешта за бирање. Можеш да избереш дали ќе вклучиш телевизор и ќе бидеш угушен од еднобојна платена политичка програма или да не вклучиш.

Диносаурусите се изумрен вид. Но јас познавам далеку поизумрен вид. Младите луѓе, студентите. Пред компјутер, мама меси, тато носи, имаме пари за Плејстејшн и кафе и тоа е доволно.

Византиски пристап- штом доаѓа од врвот мора да е точно. Овој пристап е применет во целиот образовен систем кој не успеа да промовира критичко размислување, но затоа е извонредно успешен во индустриското производство на дипломи.

После сиве овие недемократски и противзаконски операции, и цело ОБСЕ да дојде во Македонија на денот на изборите нема да констатира проблеми, затоа што власта многу одамна, со најсурови методи, си ги обезбедила потребните гласови.

Њус нет: Евровизија која е создадена во Македонија во 2 век на новата ера бара од таа земја да ја промени песмата. Грција на Евровизија не испраќа хомосексуалец за да не го потсетува светот на атничкото минато.

„Империја“, најблаго речено, е тотална чкартоина, која не знам дали воопшто може да се опраи (циркулираат гласини дека, наводно, тоа му било понудено на Кирил Џајковски но тој тоа го одбил).