Browsing: СВЕТ

Интензивните врнежи од снег и замрзнат дожд во делови од Европа предизвикаа проблеми во воздушниот, автомобилскиот и железничкиот сообраќај во Франција, Велика Британија и Германија.

Непознати лица фрлиле молотови коктели врз зградата на општината во Косовска Митровица, при што е направена мала материјална штета на зградата на општината.

Француските и африканските лидери ги повикаа светските сили да обезбедат помош и логистичка поддршка во борбите во Мали. Коалицијата на исламистичките милитанти го контролира северот на земјата.

Лидерот на партијата на турското малцинство во Бугарија, Движењето за правата и слободите, Ахмед Доган, денеска е нападнат додека го читал извештајот за време на Осмата национална конференција на движењето

Украинскиот јавен обвинител ја обвини поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко, дека го нарачала убиството на нејзиниот бизнис ривал пред 16 години.

Американскиот велосипедист кој во интервју пред два дена го призна допингот, во второ интервју кај Опра изјави дека би сакал повторно да се натпреварува.

Алжирските безбедносни сили упаднаа во пустински комплекс за гас со цел да ослободат стотици заложници. Во акцијата загинаа 30 од заложниците, меѓу кои има и западни државјани, како и најмалку 11 од нивните киднапери.