НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Центар за деца со посебни потреби во Струмица стартува без дефектолог и логопед

0
By Томе Христов on July 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Долго најавуваниот Дневен центар за деца со посебни потреби и официјално стартува со работа од денеска. Во него ќе престојуваат осум деца, со Даунов синдром, аутизам и со комбинирани пречки во развојот. Центарот почнува со работа без дефектолог и логопед, а во моментов со децата ќе работат тројца волонтери – психолог, социолог и социјален работник.

Директорот на Меѓуопштински центар за социјална работа Струмица, Кирил Поп Трајков, истакна дека во иднина ќе се обезбеди дефектолог и медицинско лице, но тој кадар, како што рече, треба да го обезбеди локалната самоуправа. Според неговите сознанија, како што рече, Министерството за труд и социјална работа поднело барање до локалната самоуправа пред еден месец, но одговор не добиле.

Од општина Струмица изјавија дека такво писмено барање кај нив до денеска нема стигнато, иако како што велат од нивна страна постои добра волја за соработка.

Директорот Поп Трајков додаде дека за почеток се задоволителни условите за децата и персоналот кој ќе волонтира.

„Овие деца го добија вториот дом кој веќе неколку денови функционира, во кој ќе има анимација од страна на волонтерите од Центарот за социјални работи. Условите се идеални и децата во неколку часа што ќе престојуваат , ќе го добијат сето тоа што им е потребно“, рече Кирил Поп Трајков.

По кои критериуми и според каква класификација се избрани овие деца, Поп Трајков рече дека тоа е извршено според категоријата, наодот и мислење и истакна дека има правилник кои деца можат да бидат сместени. Точната бројка на деца со посебни потреби која е многу поголема, директорот не ја кажа, но истакна дека во иднина ќе може да бидат примени уште деца, бидејќи капацитетот на центарот може да брои 15 деца. За останатите од другите населени места во струмичкиот регион според него, главен проблем претставувал превозот.

Родителите на децата кои ќе престојуваат во Дневниот центар сметаат дека таков центар е потребен, но не го исклучуваат фактот дека основното нешто е со дечињата да има стручно лице дефектолог, како и медицинско лице. Според нив, клучен фактор е и самите родители да бидат вклучени во центарот.

НОВА разговараше и со родител на дете со комбинирани пречки во развојот кој, како што кажа, воопшто не бил запознаен дека центарот е отворен.

„ Многу време го чекавме, но нас никој не нема прашано за нашето дете да престојува во Дневниот центар. Нашето дете оди во основното училиште во Ново Село, а јас уште во понеделник ќе прашам кои услови треба да ги исполнуваме за да биде прифатено“, рече Борче Пусев.

Тој додаде дека за тие деца мора да има стручен тим и дека дефектологот и логопедот се појдовна точка за работа со тие деца.

Во разговор со родителите на децата со посебни потреби, бидејќи директорот Поп Трајков не кажа колкава е бројката на истите во струмичкиот регион, рекоа дека има над 70 деца. За денеска беше најавена и посета на Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, но тој не дојде.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.