Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Часот на планетата земја“ – момент на солидарност за луѓето и планетата

0
By Ivana on March 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од 190 земји ширум светот ќе ја дадат својата поддршка, испраќајќи порака за зачувување на планетата Земја – единствениот дом кој сите го делиме, на утрешниот „Час на планетата Земја“ кога повеќето земји ќе ги изгаснат светлата во име на најголемата светска еколошка акција.

Оваа година „Часот на планетата земја“ се одржува во сенка на тековниот конфликт во Украина, со порака за солидарност за луѓето и за планетата.

Во мрак утре во 20:30 часот по локално време, меѓу другите ќе потонат Сиднејската опера во Австралија, Христос Спасителот во Бразил и Емпајер Стејт Билдинг во Америка.

Локалната канцеларија на „Часот на планетата Земја“ во С Македонија се придружи кон одлуката на голем број земји ширум регионот, Европа и светот, да не го одржи едночасовното исклучување на осветлувањето.

– Сметаме дека сега не е моментот климатските промени да бидат ставени во фокусот, па поради тоа локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во Македонија се придружи кон одлуката на голем број земји ширум регионот, Европа и светот, оваа година во знак на поддршка и солидарност на тековната светска криза да не го одржи едночасовното исклучување на осветлувањето и прославата на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја, велат од локалната канцеларија.

Дополнуваат дека „Часот на планетата Земја“ отсекогаш имал славенички тон и ги повикувал луѓето да учествуваат во обединување за спас на природата и планетата Земја, меѓутоа, оваа година, како што велат, како одговор на конфликтите во Украина, „нашиот тон е сочувствителен, обединувајќи се во глобална солидарност“.

Часот на планетата Земја е предводник на глобалното движење за животна средина на WWF. Започната во Сиднеј во 2007 година, „Часот на планетата Земја“ стана еден од најголемите движења во светот за животната средина, инспирирајќи ги поединците, заедниците, бизнисите и владите во повеќе од 180 земји и територии ширум светот да преземат активности за спас на животната средина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.