Чешка ѝ испрати на Украина неколку тенкови Т-72 и неколку борбени пешадиски возила БВП-1, изјави неименуван претставник од чешкото Министерство за одбрана.
Чешката телевизија објави снимки од Твитер на кои се гледаат пет тенкови и пет борбени возила товарени на воз.
Министерка за одбрана на Чешка, Јана Чернохова одби да ги потврди или демантира деталите за чешката помош за Украина.
„Можам само да Ве уверам дека Чешка ѝ помага на Украина колку што може и ќе продолжи да помага со воена опрема“, истакна Чернохова.