Дали навистина е неопходно на овие избори да ја отвориме „Пандорината кутија“ која ја затворивме со Охридскиот рамковен договор, односно како што бара Силјановска-Давкова, да се спротивставиме на „етнократијата“ и да ја вратиме (неконсезуалната) демократија. Во ваква или императивно поинаква демократија, секој треба да има слобода на говор и слободно да се изрази, но претендентите за владеење кога нудат „револуционерни“ промени па макар и преку враќање назад на предрамковно време, чесно е да кажат и на кој начин планираат да управуваат со поврзаните ризици по внатрешната стабилност на Републиката. Овие внатрешни напрегања во минатото имаа цена, не само во човечки животи туку и во блокирана евроинтеграциска перспектива, и тоа во момент кога Бугарија непречено исчекори и се зачлени во ЕУ. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.