НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот Пендаровски со честитки до верниците кои го слават Велигден според Грегоријанскиот календар

0
By Sashko on April 17, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до скопскиот бискуп и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

„Дозволете ми да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден. Од сѐ срце Ви посакувам празникот на Христовото Воскреснување да го дочекате во добро здравје, исполнети со мир, хармонија, радост и со среќа. Токму во овие празнични денови, инспирирани од Христовата победа над смртта, да ги обновиме и верата и надежта и вдахновени да правиме добри дела и да даруваме безусловна љубов“, се наведува во честитката на претседателот Пендаровски.

За жал, додава претседателот, „и овој Велигден го дочекуваме соочувајќи се со бројни економски закани, сѐ уште незакрепнати од пандемијата на ковид-19, а веќе на нашиот континент имаме жесток воен судир во којшто страдаат најранливите. И во 21 век, човештвото е загрозено од нетрпеливоста и од омразата и не наоѓа начин за мирно разрешување на конфликтите и на недоразбирањето“.

„Се надевам дека светлината на Велигден ќе ни биде поттик и инспирација да истраеме и да не ги изгубиме хуманоста и добродетелството во борбата за егзистенција. Да подадеме рака на сите коишто се во неволја и на коишто им е потребна помош, следејќи го примерот на Исус и поучувајќи се од неговите зборови. Нека е за многу години големиот празник!“, стои во честитката на претседателот Пендаровски по повод католичкиот Велигден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.