Регистрирани се нови 48 случаи на ковид-19 во последните 24 часа се направени 387 тестирања, информира Министерството за здравство.
Новите заболени се во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2.
Во болнички услови се починати 4 пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-21, Куманово-3, Штип-2, Тетово-5, Струга-6, Битола-1, Гостивар-4, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Радовиш-3, Кочани-6, Пробиштип-2, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17674, бројката на оздравени пациенти е 14642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2303. Од вчера се регистрираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 6901, активни 681
- Куманово 1748, активни 181
- Дебар 285, активни 43
- Штип 1251, активни 51
- Прилеп 670, активни 131
- Тетово 1425, активни 169
- Струга 664, активни 52
- Велес 319, активни 34
- Битола 296, активни 58
- Охрид 421, активни 44
- Кавадарци 236, активни 49
- Гостивар 928, активни 99
- Гевгелија 125, активни 51 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
- Струмица 234, активни 151
- Крива Паланка 107, активни 27
- Радовиш 76, активни 15
- Крушево 20, активни 3
- Кочани 349, активни 152
- Пробиштип 111, активни 20
- Демир Хисар 61, активни 2
- Македонски Брод 92, активни 13
- Пехчево 44, активни 4
- Берово 102, активни 38
- Валандово 31, активни 22
- Виница 110, активни 29
- Делчево 160, активни 86 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 24, активни 0
- Свети Николе 343, активни 38
- Кичево 324, активни 38
- Ресен 164, активни 16
- Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 387 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-11, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Систина со PCR метода -104, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-10, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 57
- Гази Баба – 77
- Аеродром – 107
- Карпош – 86
- Центар – 97
- Кисела Вода – 78
- Ѓорче Петров – 52
- Бутел – 30
- Шуто Оризари – 17
- Студеничани – 9
- Сарај – 11
- Арачиново – 7
- Илинден – 28
- Сопиште – 2
- Чучер Сандево – 5
- Петровец – 7
- Зелениково – 2
- Странец – 7
- Нераспределен-2