Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чија е државата, на Македонците или на граѓаните?

0
By Marija Todorovska on July 22, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Извртувајќи го целиот дискурс до површниот, но опасен заклучок: дека Македонците имаат примарно право на одлучување за сериозни, политички теми за државата, а “останатите” етнички заедници, може да се грижат за сопствените етнички или локални теми.

Никица Корубин
Реторичкото прашање од насловот, кое ефективно според поведението и третирањето е крајно дискутабилно, не би требало да бара никаков одговор, доколку доследно и посветено се почитуваше уставот, уставната поставеност и уставната суштина, која уште на самиот почеток на уставот е кристално јасна – “Во Република Северна Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.”
И тој статус на граѓанин е примарен, не само во однос на правата и обврските, туку и според “ставот” кој граѓаните го имаат за било кое прашање, каде етничката припадност е право кое мора да биде почитувано, а не “кантар, кој ја мери тежината” на искажаниот став.
Па, оттаму логично е дека “ставот”, на еден граѓанин, функционер или аналитичар е еднаков за било кое прашање, без разлика дали е тој искажан од Македонец или Албанец. Исто тежи. И на анкетите и во парламентот. И кога е веќе така, зошто се прави етничка “вивисекција”, во јавниот дискурс, во истражувањето на јавното мислење (анкетите) и особено во пропагандата?
И тоа разложување на ставот, потоа се користи како аргумент, за “легитимитетот” на одредени, клучни политички прашања, кои редовно “подлежат” на етнички мониторинг, со инсистирање на моноетничка (македонска) “дозвола” – Преспанскиот договор, Охридскиот договор, Договорот со Бугарија, преговарачката рамка.
Со директна суспензија на уставната поставеност, и особено на делегитимирање на еднаквоста на граѓаните. Зошто инаку, во една анкета, на било кое поставено прашање, а особено оние со длабока политичка импликација – е важно, дали тој одговор дошол од страна на Македонец, Албанец или Влав?
Какво тоа влијание има врз ставот за прашањето? Во засебни “светови” живеат, со различни услови и последици, па е битна етничката припадност за одговорот? Ако, другите параметри – возраст, образование, локација на живеење – имаат статистичка смисла и реално може да влијаат на одговорот, како етничката припадност влијае на прашањето, а според тоа го детерминира и легитимитетот на одговорот?
На пример, ако во една анкета, 70% од испитаниците се за ЕУ, каква врска има етничката припадност? Сите го даваат одговорот од позиција на иста држава, со исто услови и со исти перспективи или отсуство на истите? Или ако го проектираме ова “етничко” инсистирање на парламентот, и особено манипулацијата со уставните измени и Преспанскиот договор, каква врска има етничката припадност на пратениците, во однос на прашање кое ја определува меѓународната позиција на државата, и влијае подеднакво на животот на сите граѓани?
Како тоа пратениците Македонци, имаат повеќе право за одредени прашања од пратениците Албанци? И по која уставна логика, “мнозинството Македонци” го имаат ексклузивното право за политички одлуки, со меѓународни импликации? Во што “граѓанинот Македонец” има поголемо право од “граѓанинот Албанец” или “граѓанинот Турчин”; па се инсистира на привилегирана важност на неговиот глас – и во анкетите и во институциите на системот.
Извртувајќи го целиот дискурс до површниот, но опасен заклучок: дека Македонците имаат примарно право на одлучување за сериозни, политички теми за државата, а “останатите” етнички заедници, може да се грижат за сопствените етнички или локални теми.
Затоа што, токму на тоа се сведува суштинското уставно суспендирање, на граѓанската држава (со почитување на етничката припадност) – со темата за “идентитетските” прашања – каде всушност ефективно се блокира државата, граѓаните (и Македонци и Албанци и сите други): преку самопрогласеното “право” на ексклузивна одлука, само на Македонците. Или во име на Македонците.
И затоа веројатно, за сите истражувачи на јавното мислење и за сите аналитичари, и особено за сите политички инволвирани – активно и пасивно – далеку поинтересно треба да биде, при оваа брутална “етничка експлоатација” и дискриминаторска злоупотреба на уставната поставеност; зошто на граѓаните Македонци, позади параванот и шминката на “главни” во конструктот “една држава имаме, другите ако сакаат нека си одат” – им се става товарот и вината за сите (погрешни) одлуки и за себе и за сите други?
И така ставени во флоскулата “народот така сака” (во кое се подразбира дека “народот” се Македонците, затоа што другите се “малцинствата”), тие се двојно малтретирани – и од бруталната и наменска пропаганда (во која Македонците се јасен таргет), изложени на лаги и манипулации за прашања за кои потоа градат “став”; од позиција на “жртви”, и потоа последователно од улогата која ја добиваат во ова фиктивно сценарио за наводна супериорност, каде може за утеха да бидат “џелатите”. На сопствените и туѓи животи – по нивна вина.
Совршен параван за политичка амнестија и префрлање на вината, после целиот инжињеринг на јавниот дискурс, во кој нели народот со “правите информации”, обилно сервирани, слободно се изјаснува. Па, “народот” ли така сака, или граѓаните нешто сосема друго кажуваат?

Од Фејсбук ѕидот на авторката 

Никица Корубин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.