Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цената на “црвената линија”

0
By Marija Todorovska on September 25, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Идејата за две македонски партии, кои ги носат сите одлуки, без албанските партии е сон на “заробената држава” со години. Но, идејата за Македонци, кои без Албанците и сите други “малцинства” – тој неуставен назив, пежоративно употребен – како граѓани, без етничка определба би “владееле сами” е соголување на изворниот шовинизам и ксенофобија, сите овие години, негуван како “либерален граѓански став”.

Никица Корубин
Нултата година, не постои во реалното време, но е воведена во науката, но и во временската историска ориентација како симболична поделба на “нашата ера” и “пред нашата ера” со или без религиозна конотација во изразувањето, иако гравитира околу претпоставената година на раѓањето на Исус Христос. Се разбира дека луѓето кои живееле во тоа време, не живееле во две временски ери, туку тоа е нашето поимање и гледање на минатото, заради практична ориентација и хронологија.
Дали оваа симболика на пресвртен настан, ни’ се случува нас во моментов, каде веќе сме преминати од “една ера во друга ера”без тоа реално да го приметиме и спознаеме? И што би било тоа, кое во реално време е речиси незабележливо и небитно, а предизвикува “тектонски промени” и потреба за “црвени линии”? Што толку драматично се случи, што досега не се случило, за да метафорички ја “исцртаме” нашата terminus ante quem – црвената линија која ќе го “конзервира” наративот за се што “се случило” до тогаш?
Дали всушност, последниот извештај на Европскиот парламент, ја има силата на “промена на цела ера” каква што ја немале толку битни настани во овие повеќе од триесет години независност – Времената спогодба од 1995, Охридскиот рамковен договор од 2001, почетокот на преговорите со ЕУ во 2005 година, извештајот на Прибе од 2015 година, Договорот со Бугарија од 2017, Преспанскиот договор од 2018, влегувањето во НАТО во 2020 година, преговарачката рамка од 2022 година?
Низ сите овие настани, се обликуваше независноста, но се чини со “невидливиот параван” на менторскиот менталитет, длабоко навлезен во “заробеното општество на заробената држава” без проблем функционираше, преоблечен во сите идеологии, со моќта која е ефикасна само кога е невидлива; а кога добива име и административна квалификација, како во официјален документ на ЕУ, всушност историски запис, тогаш истата таа моќ на нашиот deus ex maxina е драстично намалена – ја нема мистеријата на сцената – гласот кој се слуша, а никогаш не се гледа. Со сите актери.
Ништо важно не се случило во 1 година од нашата ера, историски гледано, а всушност многу работи се случувале. Промените речиси секогаш остануваат невидливи за “окото на посматрачот” во времето во кое живее, затоа што рационалното поимање бара време, за разлика од емотивното кое инстинктивно го следи моментот.
Па, тоа вели дека моменталните реакции од наводно “различни” политички опции на линија “патриоти-предавници”, на “драматичната” тема “црвените линии” се толку изедначени, како да се произлезени од иста “екипа на актери”. Апсурд сам по себе. Или не?
Дали, апсурдно или не, се исцртува “црвената линија” или се “исцртува цената” на “заробената држава” за влез во ЕУ? Затоа што за да влезат граѓаните во ЕУ, треба прво државата да влезе, односно да ги исполни меѓународните обврски, како формална категорија или како неформална акција: со дозвола на “заробената држава”.
Кога, после 34 години “театар” со многу пропаганда и малку вистина, со многу фобии и непријатели, со безмилосна конфузија и апатија, процентот на граѓани кои денес, во моментов би гласале за влез на Северна Македонија во ЕУ е 70%; тогаш се разбира дека е дојдено време за “преговори”. Вистински, а не лажни. По пазарен систем, на “понуда и побарувачка”, како за свој личен посед. Во кој реално или како перцепција се третира Македонија.
Идејата за две македонски партии, кои ги носат сите одлуки, без албанските партии е сон на “заробената држава” со години. Но, идејата за Македонци, кои без Албанците и сите други “малцинства” – тој неуставен назив, пежоративно употребен – како граѓани, без етничка определба би “владееле сами” е соголување на изворниот шовинизам и ксенофобија, сите овие години, негуван како “либерален граѓански став”.
И всушност наводната “етничка и идентитетска загрозеност” на Македонците, која ефективно ја блокира државата од 2022 година, а суптилно и многу подолго; дали кулминира со “етничка супериорност” на Македонците над сите други; како своевиден “услов” за исполнувањето на единствениот услов – внесување на Бугарите во уставот – кој се нуди на ЕУ?
И дали тоа е целта на дезавуирањето и суспендирањето на Охридскиот рамковен договор? Единствената пречка за непречена чисто “македонска” власт е принципот на Бадентеровото мнозиство. Се разбира и точната дефиниција за тоа што е “македонска”. Од заштита на “идентитетот” до само-укинување на идентитетот.
Стравот е ирационална категорија, и кога тој влијае на носењето на одлуките, тие знаат да бидат недоследни и неодржливи. Дали извештајот на Евроспкиот парламент, предизвика толку голем страв од потенцијално други процеси, што наеднаш условот за внесување на Бугарите во уставот се чини – како што и е – соодветна и уставно поткрепена опција, со ефективна одлука на Советот на ЕУ и без никакво вето. Најлесното решение.
Во интерес на нашата сегашност и иднина. На нас граѓаните. Интерес кој доаѓа без цена. Нормалниот и функционален живот нема цена. Демократијата нема цена. Владеењето на правото нема цена. Што од ова се губи во ЕУ? Која е цената на “ослободување на државата”? Или и тоа нема цена? А, ако има цена, кој ќе биде “виновникот” кога таа “цена нема да се плати”? Хипотетички и метафорички кажано. Во првите месеци на “новата ера”.
Од Фејсбук ѕидот на авторката
Никица Корубин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.