Според официјалните извештаи на ТЕЦ Неготино, од каде редовно се вршела контрола на квалитетот на воздухот, во периодот за кој се истражуваше, а во јавноста се шпекулираше со информации за „труење“ и „загадување на воздухот“, воопшто и немало загадување од ТЕЦ Неготино.
Не е јасно каде е криминалот во случајот „Мазут“, вели правната експертска јавност. Пример е професорот Гордан Калајџиев кој во гостување во „Студио 10“ на Телевизија 24 истакна дека не биле приложени докази за случајот, а од друга страна никој не прашува дали некој ќе одговара што осомничените биле малтретирани цела година, ставени под мерки и бил извалкан нивниот углед.
„Од тоа што го има во увид во јавноста не е јасно каде е направен криминал и корупција, тоа го покажа и одлуката на Обвинителството. Имаме ситуација каде Обвинтиелството ставило луѓе во притвор, малтретирало луѓе цела година, имало мерки за фирмите претпоставувам и никој не реагира кој ќе одговара што биле малтретирани луѓето, што им било валкано името, туку сите го товарат јавниот обвинител за криминал затоа што е запрена истрагата. Од каде им на тие што коментираат право за тоа?“ – вели професорот Калајџиев.
Државниот јавен обвинител Ненад Савески ја поддржа одлуката на надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ за запирање на истрагата за „Мазут“. На брифинг со новинарите, Савески оцени дека од професионален аспект е далеку подобро постапката да се затвори навреме поради недостиг на докази, отколку да се форсира обвинение кое подоцна би резултирало со ослободителна пресуда.
„Подобро е истрагата да се запре отколку да се поднесе обвинение што подоцна би завршило со ослободителни пресуди“, дециден е Савески.
Според официјалните извештаи на ТЕЦ Неготино, од каде редовно се вршела контрола на квалитетот на воздухот, во периодот за кој се истражуваше, а во јавноста се шпекулираше со информации за „труење“ и „загадување на воздухот“, воопшто и немало загадување од ТЕЦ Неготино.
Во јавноста беше поставено и прашањето дали увезениот мазут имал штетен хемиски состав. Според ОЈО ГОКК, освен што од прибраните докази не се утврдило дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставале на товар, не се утврдило ни постоење на друго кривично дело што се гони по службена должност.
Дополнително, се поставува прашањето, ако загадувањето во Неготино е од мазутот, зошто градот Скопје е меѓу најзагадените во светот, а не се употребува мазутот?
Согласно лиценците за трговија со нафтени деривати, Регулаторната комисија за енергетика месечно врши контрола од каде купуваат фирмите кои имаат лиценци и каде продаваат. Согласно извештаите, евидентно е дека Скопје никогаш не било загадено поради мазутот, бидејќи главната когенеративна централа ТЕ-ТО работи на гас. И покрај ова, Скопје редовно е помеѓу топ пет најзагадени градови во светот, особено во зимскиот период.
Според многу истражувања, проблемот со загадувањето главно е поради дивите депонии и отпади кои не треба ни да постојат, а и оние кои се на хартија „легални“ не се третираат согласно позитивните практики кои придонеле за намалување на загадувањето во слични случаи во светот. Депониите, особено дивите, редовно се палат, не се преземаат превентивни мерки и нема интервенција во капитални проекти за преработка на отпад познати како „waste to energy“ кои ги има во речиси сите европски метрополи.
Дополнително, мазутот се користи во многу поразвиени европски држави, како Германија, Франција, Швајцарија, држави кои важат за „зелени“ и со високи еколошки стандарди.
Според официјалните извештаи на ЕСМ за периодот од 2021 до 2023 година (кој е под истрага) и во екот на енергетската криза, ТЕЦ „Неготино“ беше реактивирана по повеќегодишна пауза и оствари милионски профит. Во 2022 година, државната централа оствари историски рекорден профит (добивка) од приближно 2,25 милијарди денари или околу 36,5 милиони евра. Овој резултат се должеше на зголеменото производство на струја за потребите на регулираниот пазар.
Анализи на професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), со цените на берзите на електричната енергија во периодот кој е опфатен со истрагата, покажува дека доколку се правел увоз на електрична енергија тоа би чинело околу 880 милиони евра, наспроти набавката на мазутот која чини 167 милиони евра.
И повторно се поставува прашањето кое професорот Калајџиев го истакна во неговото телевизиско гостување. Кој ќе ја надомести штетата по угледот и времето поминато во притвор, ефективен или куќен, на осомничените?





