Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Мицко Дудучки: Најголемите психички проблеми ќе дојдат подоцна, кога пандемијата ќе заврши

0
By Миодраг Мишолиќ on April 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секодневно слушаме и читаме за илјадници новозаразени со ковид-19, и за неколку десетини починати од вирусот. Во овој момент физичкото здравје е приоритетно, но блиску до него е и менталното, кое исто така страда многу во сегашните услови, и болесите кои го загрозуваат може да имаат тешки последици. Доктор Мицко Дудучки е невропсихијатар со повеќедецениско искуство, стекнувано во врвни медицински институции во поранешна Југославија и во странство, а кој преку својата приватна здравствена установа „Анима“ им помага на голем број пациенти со психички проблеми.

Обединетите нации констатираа дека се случува криза со менталната состојба на луѓето. Милиони се соочуваат со депресија, несоница, домашно насилство, па и сиромаштија… Веројатно ни состојбата кај нас не е поинаква.

Апсолутно. Она што го потврдуваат ОН и Светската здравствена организација, се и наши искуства во средината во која живееме и работиме. За целиот период на пандемијата од речиси една ипол година, нашата здравствена установа перманентно работеше, затоа што знаевме дека последиците од ковидот, покрај за здравјето и животот на граѓаните, ќе бидат мошне изразени и долготрајни на економски и на психички план. Секој месец правиме анализи на болестите кои ги лекуваме, и на морбидитетот од нив, и јасно утврдивме наплив на ментални и бихејвиорaлни нарушувања (однесувањето, поведението), во смисла на депресии, анксиозно-фобиски состојби, па дури и параноидни, односно психотички реакции. Кај пациентите кои ја прележале болеста, вклучувајќи го и мојот син, голем е бројот на пациенти кои имаат потреба од психолошка поддршка и психијатриска помош. Оваа состојба, бидејќи е пандемија, ги зафати сите континенти, и со истата проблематика, зашто менталниот апарат, покрај дишните органи, кардио-васкуларниот и целебралниот систем, кои се први на удар, е на второ место според опасноста од ковид-19.

Може да се каже за колку е зголемен бројот на луѓе кои бараат психијатриска помош, во однос на 2019., на пример?

Прецизните статистички анализи ќе се прават по завршувањето на епидемиите, и тогаш ќе добиеме валидни резултати. Но, според првичните импресии и сознанија, мој впечаток е дека бројот на ментални нарушувања во однос на претходната состојба, сигурно е поголем за 30 до 40 проценти. И тоа не само од психолошко-психијатриски аспект. Со моите колеги, невролози, зборувавме и за невролошките последици од инфекцијата. Имаме зголем број на мозочни удари и на дементни состојби поради ковидот, бидејќи се случуваат бројни микро-мозочни удари, кои го оштетуваат до мерка, во одредени случаи тој да стане, колоквијално речено – како швајцарско сирење. Тоа во медицината се нарекува статус лакунарис, или што би рекле ние, француските ученици, etat lacunaire, и е состојба во која мозокот е „изрешетан“ со мали, но бројни микро-инфаркти. Токму денеска имав пациентка, која како последица на ковид-инфекцијата има параплегија, односно голем Гиљен-Баре-Штрохл синдром. Значи, и невролошкките посладици се во мерка во која мора многу сериозно да се имаат во предвид., пред сѐ за најранливата популација, а тоа се луѓето на постара возраст, но и ја оние во средни години. Сум имал веќе десетици случаи со невролошлки компикации, предизвикани од ковидот. Самите пак, невролошки компилации влијаат негативно на емотивната состојба на пациентот, и тоа се претвора во магичен круг, од кој излегувањето бара стручна помош.

Постои ли голема разлика во психичката состојба на луѓето кои биле со потешка клиничка слика, од позитивните, но асимптоматски случаи, кои не се разболеле, но се стресувале на секое поткашлување и на секое пристудување, помислувајќи дека „симптомите почнуваат, болеста дојде“?

Се разбира дека има разлика. Пациентите кои ја прележале инфекцијата, а особено ако имале потешка клиничка слика, биле само неколку чекори пред смртта. Особено кога се зафатени белите дробови, при што сатурацијата, односно заситувањето на хемоглобинот со кислород е многу мало, и човекот како да се наоѓа во гасна комора, во која му недостасува воздух и има чувство дека се задушува. Постојат случаи кога иако кислородната поддршка е на максимум, пациентот буквално се бори за здив. Тоа се многу болни искуства, па опоравувањето, и во телесна и во психичка смисла е многу бавно. Јас верувам дека се потребни најмалку два до три месеци, по успешнно прележана ковид-инфекција, човекот да се врати на нормалните животни активности.

Што е со менталната состојба на здравствените работници во последнава година? Работат во исклучително тешки физички услови, поминувајќи часови во скафандер, со маски и другата заштитна опрема. Но, и психичкиот напор не е помал, особено кога гледаат колкав број пациенти умираат пред нивните очи.

Кога се работи со пациенти, за кои постои можноста од смрт, тоа е најтешкиот дел од медицинската професија. Преоптовареноста од работа, како и сведочењето на агонии и на зачестени смртни исходи – 30, 40, 50 дневно на ниво на државата – секако дека остава длабоки траги врз психата. Но, во оваа фаза, кога имаме обврска да се справиме успешно со епидемијата се појавува психолошки одбранбен механизам, кој нѐ мотивира успешно и самопрегорно да работиме за да ја надминеме кризата. Психичките последици од таканаречениот burn out, односно согорувањето, ќе дојдат подоцна, кога пандемијата ќе заврши. Одговорно тврдам, а тоа го знам и од војната во поранешна Југославија, дека кога сето ова ќе помине, ние психијатрите и психолозите, ќе имаме многу работа за да ги залечиме и редуцираме последиците од негативниот ефект врз менталното здравје, и кај широката полулација, а особено кај колегите здравствени работници, кои се директно влучени во оваа тешка борба против толку опасниот непријател, каков што е вирусот ковид-19.

А, кога мислите дека ќе заврши пандемијата?

Кога ќе имаме можност поголемиот дел од населението да стекне колективен имунитет, со доволна концентрација на антитела, за да ги заштити од можните идни инфекции, и да не може вирусот да се реплицира во организмот и таа инфекција да помине без симтоми или со сосема благи симптоми. Многу е важно да не влетуваме во психоза, со параноичен страв, туку да имаме реален и одговорен однос кон болеста, почитувајќи ги сите превентивни мерки, кои ги препорачуваат здравствените власти. Јас тоа го знам, бидејќи како воен лекар специјализирав и работев на Воено-медицинската академија во Белград со д-р Жарко Караџовски, дека е тој исклучително солиден епидемиолог, и не верувам дека во Македонија има посоодветни и поедуцирани личности од овие што сега се во Комисијата за зразни болести. За жал, нашата здравствена култура сѐ уште не е на потребно ниво, и имаме толку кластери, или како што ги нарекувавме во војската – жаришта, кои се носители на вирусот, а поминуваат асимптоматски или со многу лесни симптоми. Чесно е се каже дека најголемиот дел од населението се придржува на препораките, но евидентно дека и оној, помал дел е доволен за да не успеваме да ја сузбиеме епидемијата. Во целиот свет е така, но тоа воопшто не е утеха. Ова што ни се случува во последниве 15-тина месеци покажа дека мора да вложуваме во флексибилен и рационален здравствен систем, за да може да одговориме на идните предизвици, бидејќи со вирусите ќе продолжиме да живееме, како што сме живееле илјадници години. Тие не се вештачки, создадени во лабораторија, туку се природни, кои природно мутираат, и измената во нивнита амино-киселинска структура доведува до појава на повеќе подтипови и соеви, од кои некои се попатогени од другите, меѓутоа, за жал сите предизвикуваат многу сериозна инфекција.

Вашите искуства со различни категории од населението да го заокружиме со младите и децата? Веќе втора година немаат нормално одење на училиште и нормално дружење, а психолозите велат дека ним им е поважен физичкиот контакт, отколку на возрасните. За возрасните често е доволен телефонски разговор, додека на децата им е потребана игра, поголема активност, па и допири.

Постои термин – социјална дистанца, кој е погрешен. Ние, во ова време, не треба да имаме социјална, туку физичка дистанца. Во случајот на оваа пандемија се работи за респираторна инфекција, и вирусот најчесто се пренесува преку таканаречените флигиеви капки, кои излегуваат од човекот при говор, кашлање или кивање. Органот кој го исфрла вирусот, во најголемиот број случаи е устата, а кој го прима е носот. Оттука е и потребата да носиме заштитни маски за да се спречи контактот со флигиевите капки. Самата маска, поради својата структура, не може директно да нѐ’ заштити од вирусот, бидејќи тој е стотици пати помал од нејзините пори, но ќе нѐ заштити од капките, во кои се содржи вирусот. Децата имаат потреба од подиректен контакт меѓу себе. Дали е тоа воспитно-образовниот процес или играта и дружењето, тие на посебен начин го доживуваат негативните ефекти од пандемијата. Младите се ускратени за многу работи кои се есенцијални во нивното растење и созревање.Јас често им советувам на родители да овозможат комуникација на децата – во помал број и во природа. Во природата, на поширок отворен простор, има многу мал, речиси занемарлив процент од вирусот, кој би бил патоген и вирулентен.На децата дајте им го она што им недостасува – игра, но во природа и во помали групи. Три до четири деца се сосема доволни, за тие да ја задоволат својата потреба за дружење и социјализација, а во исто време да бидат безбедни од заразување.

Може ли да помогнат некој вид хот-лајн линии, на кои луѓето кои западнале во психичка криза, би побарале помош од компетентен професионалец?

Јас лично имам континуирани контакти со моите пациенти, без оглед од каде доаѓаат: Србија, Косово, Босна…, и се разбира, цела Македонија. Особено меѓу 20 и 22 часот секогаш сум достапен за совети и комуникација. Од друга страна, своето знаење и искуствата ги споделувам и на социјалните мрежи или преку форуми, со препораки и мислења. Драго ми е да констатирам дека голем број луѓе ги прифаќаат тие препораки, што ми укажува дека сите можни начини за директен или индиректен контакт треба да се користат, од страна на здравствените работници, за да им дадеме психолошка поддршка, да ги едуцираме и охрабриме, со што ќе се намалат штетите од пандемијата.

Имате информација дали е зголемен бројот на самоубиства во последниве 15-тина месеци, како последица на психолошки проблеми?

Сѐ уште не се направени такви анализи, но бидејќи работам и со пациенти кои имаат пост-трауматско стресно растројство од борбените дејствија во Авганистан и во Ирак, во нашата општина Куманово, имаме три нови случаи на самоубиство. Дали самите услови во пандемијата биле тригер-механизам, за да се покрене еден суицидален акт, или пост-трауматското стресно растројство ги довело одредени личности да посегнат по својот живот, е предмет на понатамошни анализи. Но, јасно е дека колку се поизразени и поманифестни, во квалитативна и квантитативна смисла, менталните нарушувања, треба да очекуваме стапката на обиди за суицид да биде зголемена. Тоа е значаен сегмент на кој психолошко-психијатриската служба треба да работи.

Оние кои првпат се соочуваат со психички проблеми, како да ги препознаат симптомите?

Фобичност, стравови, анксиозност, преголема загриженост, па дури и психотичност. Веќе при појавата на првите вакви нешта, препорачувам секој да се јави во нашите здравстени институции, за да му биде пружена соодветена медицинска помош. Обично луѓето, особено во последниве години, кога ќе забележат нешто невообичаено кај себе, првиот совет го бараат на социјалните мрежи. Тоа не мора нужно да е лошо, но на тие места има и многу нестурчен и некритички однос, па се предизвикува голема штета. Како и за физички болести, така и за психичките, важно е тие да бидат откриени што порано, и да се даде помош од компетентно место, бидејќи само таа е вистинска помош.

Има ли Македонија доволно стручњаци и професионалци во оваа област, кои би помогнале на евидентно зголемената потреба на пациентите од нив?

Падемијава покажа дека имавме несоодветно планирање на кадрите од областа на епидемиологијата, инфектологијата, вирусологијата, имунологијата, и сега тоа треба да не’ опамети, да правиме план за континуирана наобразба на такви кадри. Специјалист не се станува за четири години, туку 10-15 години се потребни за да добиете искусен стручњак, кој може да се справи со сите патологии во одредена област од медицината. Јас верувам дека располагаме со доволен број терапевти, психијатри и психолози, кои ако добро се организираат, и работат пожртвувано, ќе може да ги анулираме негативните последици врз менталното здравје. Клиниката за психијатрија, во соработка со Министерството за здравство треба да направи програма, што е можно поскоро, за да бидеме сите што помасовно вклучени во заштита и унапредување на менталното здравје, особено во пост-ковид периодот. Епидемијата ќе помине. Тоа е прашање на месеци, кога поголемиот дел од популацијата ќе биде вакцинирана. Потоа ќе се јави голема потреба од психолошка и психијатриска помош.

Што е стигмата во нашето општество кон луѓето кои бараат психијатрска помош? Дали се сѐ уште доживувани како „не баш нормални“?

За жал, не гледам тенденција на намалување на стигматизцијата на пациените со психички проблеми. Многу е важно да се отвори ова прашање, и да се зборува за таа, табу-тема Психолошките болести не се ништо полесни или посрамни од физичките. Главната разлика е дека тие не се лечат со операција, ниту со антибиотици, туку само со стручен, тераписки пристап, кој е многу специфичен. Колку побргу го сфатиме ова, толку побргу ќе дојдеме и до поздрави и посреќни поединци. Оваа пандемија ќе ни даде некои нови сознанија и посериозен пристап врз севкупната здравствена состојба на граѓаните, и дека здравјето не смее да биде обична флоскула, туку суштинска политика на сите власт (не само на здравствените), за да овозможие нормален живот на граѓаните, особено на најранливите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.