Јасна Бачовска Недиќ: Кога го оценуваме знаењето на нашите ученици, честопати се соочуваме со избор помеѓу два метода.
Едниот метод е фокусирање на откривање што не знаат и
Вториот метод е истражување и вадење на површина на она што го имаат совладано и го знаат.
Првиот метод е како да бараме грешки, додека вториот метод е како да бараме потенцијал.
Драги колеги, ајде да бидеме учители кои откриваат потенцијал. Со нагласување на она што учениците го знаат, не само што ги оценуваме, туку и ги инспирираме, градиме нивна самодоверба и создаваме позитивна атмосфера за учење, многу пати креираме животи.
СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА
Извор: Фејсбук