Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да се биде Роберт Алаѓозовски

19
By Биљана Секуловска on June 3, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се разбира дека има право Миљенко Јерговиќ кога вели дека светот ќе го спасат луѓе кои читаат.

Дека може да се преживее само ако се читаат најдобрите, не затоа што се Македонци, Албанци или Французи, може да се прогласи бесмртност на светот само ако ги сакаме книгите на сите јазици, на најубавите јазици, македонски, албански или француски, понатаму дополнете ги сите можни јазици, сите националности, ставете се што сакате и кого сакате. Она што е важно е да ја слушнете  и другата музика од онаа со која сте се родиле и мислите дека само со неа морате и да умрете.

И веројатно тоа е и причината зошто токму Роберт Алаѓозовски и стана министер за култура. Се разбира дека Заев препозна што може да го спаси светот- луѓе кои читаат книги.

О, да, се разбира дека во изборот на Заев околу некои министри многумина не би се сложиле, тука слободно можете да ме запишете и мене, како што и се разбира дека Заев не може да ги задоволи сите проценки и надежи.

Тогаш кога тие слаби карики ќе покажат дека сме биле во право, можеби нема да биде доцна да се поправат штетите, а можеби и ќе биде предоцна. А можеби сè ќе спасат луѓето кои читаат книги.

Навистина никогаш не помислив дека би било можно Роберт Алаѓозовски да стане министер за култура. Или воопшто министер. Не само што не помислував, јас се кладев сите овие години- дека неговите шанси се една округла, фино заоблена, заканувачка нула, со која јас морам да се помирам.

Примопредавање на министерската функција- Канчевска на Алаѓозовски

Не би сакала никого да потценам, но, погледнете ја, ладнокрвно пресметајте ја оваа позиција која тој ја има откако знам за него.

Затоа што имате сепак во оваа земја исклучително паметни луѓе, неверојатни умови, не е тој единствениот.

Да, секако дека знаеме луѓе кои поседуваат некоја мекост, финост, аристократско однесување, конечно тука е и талентот кога полемизираат, ги застапуваат и бранат своите ставови, колку и можеби да се неодбранливи, о, па не е Алаѓозовски прв и последен на таа листа.

Потоа, познаваме луѓе со скромност, препознаваме и знаеме и такви примероци, тивка благост, умешност да се ненаметливи, зарем Алаѓозовски би бил последната врста?

Имаме на ум многу луѓе кои се доволно образовани, квалификувани, притоа успешни и не само во Македонија, признаени авторитети во својата област, не бил никогаш исклучиво и само Алаѓозовски.

Тука е и партиската книшка која многумина и не ја поседуваат, тој не е уникатен случај ни во тоа.

Свесни сме за многу примери кога одредени јавни личности биле едноставно сакани од многу луѓе, велам многу а не сите, затоа што е опасно да се биде од сите сакан, но да, од навистина зачудувачки многу луѓе биле славени. Алаѓозовски и тука не е ексклузивен пример, иако да се добијат аплаузи токму од своите е навистина реткост, но сепак, не би го дефинирала како сензација, постоеле и такви ситуации и пред ерата на Интернетот.

Човек со суканици а министер- точно, тука е  еден од ретките драгоцени примероци во историјата на политиката.

Конечно, Заев ги препозна и другите, поинаквите  гласови кои доаѓаат однадвор, оние со чиј ум оваа земја преживеа, кога станува збор за изборот на Алаѓозовски.

Лидерот на СДСМ секако дека освен пријатната музика ги слуша и шумовите со кои секој политичар се соочува, а не може да ги избегне, па мора, принуден е  да ги апсорбира со трпение и смиреност, иако изгледаат како вечност тие пискотници, неприродни, вознемирувачки звуци кои му ги параат ушите.

Заради нив лесно може да се изгуби човек, еден политичар,  да се остане без дом, држава, живот, доколку ја нема моќта на слухот да се исклучи, мислам на тоа да го препознае слухот на времето, состојбите, ситуациите, како и да поседува  емоционална интелигенција, сето она што го одликуваше Глигоров а го наследи Шеќеринска, не ако само судиме според долгиот стаж во политиката, туку и според сета големина која таа ја поседува.

Претседателот Киро Глигоров

Да, за некои министри со чиј избор не се согласуваме, кај Заев преовладале тие шумови, а времето, само времето ќе покаже во што се претвориле, но Заев не е единствениот кој бил нападнат од нив. Еднакво Глигоров се обидуваше да го парализира канонада од грмотевици, како што и со нив има искуство Шеќеринска. Потоа дојде времето кога и Заев мораше да оди по истата траекторија.

Тоа биле тие ситуации кои им го совладувале телото, сега ушите стануваат најмал проблем,  затоа што постоењето на сите неприродни звуци со кои биле атакувани прави пакт со паралелните светови.

Шеќеринска и Заев со Шарените

Тоа  се тешки времиња за политичарите, тогаш кога дилемите околу одлуките ве измачуваат до последниот атом кој ве исцицува, тоа е и тежината на зборовите, погледите на другите луѓе кои ве запоседнуваат, препреките со кои ви го стегнале грлото, блокадата која е сместена и од таа стапица тогаш им се чинело дека никој дотогаш не излегол. Во тој вител на Глигоров, подоцна и на Шеќеринска,  влезе и Заев, како новиот наследник на Глигоров.

После изборот на таквите морничави шумови, избор кој некогаш морале да го направат, се повлекле во тишина која дотогаш не ја искусиле, неретко таа од шумовите е претставена како злокобна тишина, но тие не се осврнувале, тогаш кога морале да го ослушнат својот глас.

Само во такви ситуации се прават вистински, мудри одлуки. Само тогаш се бираат луѓе кои ќе го спасат светот, оние кои читаат книги. Само така може изборот да ви биде Роберт Алаѓозовски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.