Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Балканот стои пред нови војни

0
By Нова ТВ on October 26, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сараево, 1992. Фотогарфија на британски „Телеграф“

Угледниот „Форин Полиси“ (foreign policy) во денешниот број објави анализа за состојбите во Западен Балкан и опасноста од нови конфликти во Босна и Херцеговина кои би можеле лесно да се прелеат и во дел од останатите поранешни југословенски држави, особено Македонија, Косово и јужниот дел од Србија. Повод за анализата е претстојната 20-годишнина од потпишувањето на Дејтонскиот договор кој стави крај на војнат во Босна и крвопролевањето помеѓу Србите, Бошњаците и Хрватите.

„Изгубени во какафонијата од меѓународни вести за руските воздушни напади против анти-Асад бутновниците во Сирија поддржани од САД и бегалците кои го преплавуваат Балканот на патот кон Западна Европа, во подготовка е криза во Босна и Херцеговина на југоисточната страна на Европската унија. Москва и тука има замешано зли прсти”, пишува во воведот „Форин Полиси“.

Во анализата тие се задржуваат на референдумот кој го најави претседателот на Република Српск Милорад Додиќ, како и на неефикасноста на Европската унија да ги антиципира и менаџира овие ситуации во Босна, откако „Вашингтон му ја предаде лидерската палка на Брисел“ во земјата.

За потсетување, Парламентот на Република Српска, во јули годинава гласаше за предлогот за одржување на референдум, порадки, како што вели предлагачот, судството на државно ниво е пристрасно и против Србите, особено во случаите на воени злосторства, додека, ОХР се обвинува за наметнување на решенија.

Референдумското прашање ќе гласи: „Дали ги поддржувате неуставните и неовластено наметнати закони од високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, особено наметнатите закони за судот и обвинителството на Босна и Херцеговина?“.

Анализата во денешниот број на „Форин Полиси“ вели дека овој референдум е практично влез во уште подлабока криза која може да доведе до отцепувања и нови војни на Балканот особено по случувањата во Украина.

„Политичарите кои ја разбираат кревкоста на Босна и Херцеговина се загрижени – и тоа со добра причина. Специјалниот преставник Инцко испрати невиден извештај до Советот за безбедност на ОН на 4 септември во кој што се наведува дека Република Српска е во јасно кршење на Дејтонскиот договор и дека ако моментниот курс остане непроверерен постои сериозен ризик дека Босна ќе слизне кон дезинтеграција со значителни импликации по меѓународниот мир и безбедносните прашања.

Анализата се осврнува и на провокациите на Москва во овој дел од регионот, особено на нивната отворена поддршка за плановите на Додиќ, велејќи дека на овој начин Москва може без речиси никаков напор да искреира нов конфликт за Западот.

„Се разбира, вклученоста на САД и меѓународната заедница подразбира голем труд. Но пристапот „да почекаме па да видиме“ ќе се докаже како многу поскап. Бошњаците и Хрватите влегоа во војна во 1992 година за да ја зачуваат Босна заедно и нема индикации дека сега тие би биле волни да ја остават Република Српска без борба. Ако насилството еруптира, тоа со сигурност ќе се прелее низ Балканот. Може да се прелее во Косово, јужна Србија, Македонија и во муслиманскиот регион во Србија – Санџак. А таква ситуација ќе ги загрози преговорите помеѓу Приштина и Белград за нормализација на односите. Може да донесе нови етнички чистки како во деведесеттите и нови бранови бегалци. Исто така, може да ги радикализира умерените босански муслимани кои се под зголемен притисок од екстремистичките елементи и со тоа да се ризикува креирање на лута мини муслиманска држава на границата со ЕУ.

На крајот во анализата, се повикива на Вашингтон „да одлучи сега, а не подоцна и да делува проактивно за да се сочува мирот во Босна и на Балканот – или да остави Москва да ги поставува правилата“.

НОВА пренесува само делови од анализата на магазинот „Форин Полиси“. Целата анализа прочитајте ја на овој линк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени…

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.