Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали да полудам или да останам глуп

0
By Zoran Ivanov on November 6, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проблемот не е незадоволството на луѓето, туку фактот дека тие се насочуваат да бараат решенија во насока која закономерно и историски потврдено, ќе ги однесе во апокалиптично влошување и уништување на нивните статуси, а не до подобрување.

Бранко Тричковски

Било да е тоа пред непознатото на Природата или на Историјата, духот ја одржуваше вербата на човекот во поредокот преку неговата сфатливост!

Која исчезна.

Меѓу Пенсилванија и Мичиген, меѓу Аризона и, не знам, Арканзас- останавме без сфатливост на поредокот или со сфатливост која е дофатлива само на лудаците.

И сега се прашувам: дали да полудам или да останам глуп.

Или да изигрувам идеалист кој ќе зборува: Вчера да престанеше да постои светот-поредокот чија природа и смисла ни беа наметнати и натаму би бил поредок кој би требало да се открие и создаде.

А толку го напаѓавме!

Глупаци!

Хахаха!

Денеска ние не знаеме според кои закони на духовната пловидба ќе пристигнеме на нови брегови и кои ветришта и струи ќе не однесат до нив.

Огист Конт рекол дека “најстрашното чувство кое можеме да го почувствуваме е она кое се раѓа секогаш кога ни изгледа дека некој феномен се случува спротивно на природните закони кои ни се блиски.”

По изборите во САД тоа чудење не е веќе мачнина која му се заканува на сонот на духот; тоа е најлуцидниот момент на неговото бдеење.

Не е потребен еден човечки живот- четврт век, таман колку да помине една младост- за да видиме како се преобразува историската стварност на нашиот свет, како и неговиот секојдневен пејзаж; и како се тетерават, уриваат, најдобро обезбедените перспективи на нашите мисли и култури.

Расклатени се, ете, и отфрлени, најцврстите поими, најстарите и најприродни очигледности; растурени се најпостојаните најцврсто поставените системи.

Ете како најсигурните правци на нашето делување и на нашиот дух и на нашето доба, ненадејно се сопираат и потоа се делат на пат кон брзиот крај или кон агоничната смрт.

Подемот и експанзијата на Кина, како физикус и идеологија, војната против Украина и експанзионизмот на лудакот од Кремљ и инсталацијата на нов идиот во Белста куќа- се де тоа темели на новиот светски поредок, кој, всушност, ќе биде куројед.

Се разбира не мора да биде така.

Гаетан Пикон, на кого се повикувам, го пишувал оваа за светот виден во 1956 година. Мислам дека денешната драма не би можел да ја поднесе и да остане здрав.

Како и сите ние.

Кога низ историјата се менувале светските поредоци, луѓето давале некакви отпори или ги разделувале своите ставови од своите чувства и мисли. Делумно поради конформизам, делумно од страв делумно од лутање по новото сопство. Денеска отпорот на нормалноста е наивна работа во судирот со тенкивските бригади на социјалните мрежи и на класичните радиоактивни медиуми.

На денот на изборите во САД напишав еден статус од кој тука поместувам еден пасаж:

Проблемот не е незадоволството на луѓето, туку фактот дека тие се насочуваат да бараат решенија во насока која закономерно и историски потврдено, ќе ги однесе во апокалиптично влошување и уништување на нивните статуси, а не до подобрување. Тие бараат идентификација со лудаци и глупаци, делуммо затоа што и самите се оглупавени според хипотезата на Гомбрович која гласи дека колку е поголем напредокот на техниката и технологијата толку човекот станува поглуп, туку и затоа што кај типови кои промовираат инфантилни и брзи решенија на сите приблеми наоѓаат комоција и уживаат во слободата да бидат неразумни, да бидат ослободени од разумот кој ги притискал и ги ограничувал, а не им донел ништо. Или не толку колку што тие очекувале.

Против таа болест здравите не треба да се борат затоа што немаат никакви шанси.

Освен заебанцијата и исмејувањето за кое имаме толку многу инспирации.

Светот на Трамп и на Путин, на Си и на Орбан, ќе се урне затоа што нема ресурси да ги задоволува потребите на луѓето за ништо друго освен за ракети и далавери. Тие беа можни додека постоеше нормалноста и модерноста. Без нив тие се мртви. Како и нивните идеи и проекти. Ако умрат пред нас. Така што може да се случи светот да го спасиме така што ќе умреме.

Што па да не!

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.