Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали е можен политички консензус за ЕУ интеграциите на државата?

0
By Marija Todorovska on November 28, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали е можен поширок политички консензус меѓу сите политички сили во земјата и другите важни фактори во општеството за ова прашање?

Дестан Јонузи

Патот на Северна Македонија кон Брисел закочен е во Софија, поточно во одобрувањето на уставните измени од македонскиот парламент за воведување на бугарската заедница во Премабулата на Уставот. Тоа е последната пречка за земјата да го продолжи својот европски сон. Но, дали е можен поширок политички консензус меѓу сите политички сили во земјата и другите важни фактори во општеството за ова прашање?

Политичкиот аналитичар Урим Салиу оценува дека овој консензус е можен бидејќи нашите партии, генерално се на иста линија во однос на прашањето за интеграциите.

– Тие немаат само еден компромис меѓу себе – оној на бескомпромисната борба за власт. Компромисот за интеграцијата на земјата во ЕУ е сеопфатен и тоа не е нечиј партиски интерес или ексклузивитет само на политички субјект, така што е пред се голем државен интерес, за самите граѓани на оваа земја од кој политичките партии добија постојана поддршка. Овој процес не треба да се одолговлекува, затоа во овој момент партиите треба да ги остават настрана огорчените и да го надминат партискиот интерес, изјави Салиу за „Фронтлајн“.

Политичкиот консензус меѓу целиот политички спектар во земјава за интеграцијата на земјата во Европската Унија е неопходност и e практика во сите земји кои успешно го завршија процесот на влез во ЕУ, изјави за „Фронтлајн“, политичкиот аналитичар Бесим Небиу, зборувајќи за откочување на евроинтегративниот процес на земјата и одобрување на уставните измени.

– Консензус околу ЕУ меѓу сите партии од мејнстримот на политичкиот спектар е практика во сите земји кои успешно го завршија процесот на влез во ЕУ. Предлогот на г-нот Филипче е за поздравување, бидејќи и пружа рака на владејачкото мнозинство во однос на нејзините наредни потези во врска со откочување на евроинтеграциите – нешто што ВМРО-ДПМНЕ не го правеше додека беше во опозиција. Евроинтеграциите не треба да се дневно-политичка тема, а консензусот меѓу сите партии од позиција и опозиција, би придонеле таа да се издигне од тоа ниво, во кое за жал многу пати во минатото и реално беше, изјави Небиу.

„Националниот совет за евроинтеграции, што во Собранието го предводи опозицијата, а во којшто членуваат и претставници на власта, граѓански организации и експерти претставува широка платформа којашто доколку функционира како што е предвидено, е добра основа за постигнување на национално единство по однос на клучните прашања поврзани со евроинтеграциските процеси“.

Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање по средбата со претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова за тоа колку Владата ја вклучува опозицијата во процесите за деблокада на евроинтеграцискиот пат.

– Ако Националниот совет за евроинтеграции функционира на начин на кој Владата ќе го информира за сè што се случува, како се исполнуваат реформите од реформската агенда, од Планот за раст, ние ќе имаме заедничка работа, истакна Филипче, кој како пратеник е претседател на Националниот совет за евроинтеграции.

Претседателот на СДСМ уште еднаш потсети дека целокупната реформска агенда и Планот за раст е изготвен од Владата на СДСМ и дека од страна на актуелната Влада се направени многу мали измени пред сегашниот премиер, Христијан Мицкоски да го стави својот потпис на овие документи.

Филипче потенцираше дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција, којашто Владата, согласно ветувањата ќе ја обезбеди. Во однос на обидите за поддршка за уставни измени со одложено дејство, Филипче рече:

„Ја информирав претседателката дека за време на преговорите кога ги водеше СДСМ сме се обиделе уставните измени да бидат со одложено дејство, меѓутоа тогаш тоа не било прифатено од бугарската страна под раководство на тогашниот премиер Кирил Петков. Така што било која подобрена позиција ние ќе ја поддржиме“.

Тој смета дека пред да се разговара за какво било решение, вклучително и за уставни измени со одложено дејство, треба да се добие потврда дека такво решение е возможно.

– Многу опции и варијанти се работеле во изминатиот период. Јас имав многу состаноци на кои и тогашниот премиер Димитар Ковачевски и тогашниот главен преговарач Бојан Маричиќ ми укажаа кои обиди биле направени и што било возможно, што не било возможно. Ние го направивме тоа. Сите други обиди, меѓу другото и одложеното дејство на уставните измени тогаш бугарската страна не ги прифатила, изјави Филипче и додаде дека што и да направи сегашната Влада што ќе ги подобри нашите позиции, опозицијата ќе поддржи таквото решение, рече Филипче.

Филипче потсети дека СДСМ иницираше собраниска седница за премиерот да ги соопшти позициите на Владата и кои земји ја поддржуваат во нејзините напори за подобрување на положбата на земјава во однос на преговорите со ЕУ. Тоа и понатаму останува како барање од опозицијата, рече Филипче.

Текстот е сопственост на Фронтлајн 

Дестан Јонузи ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
ФОКУС

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

ВЕСТИ October 10, 2025

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската…

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.