Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Иванов ќе ги аболицира осудените за 27 април како претседател на Северна Македонија

0
By Соња Петрушевска on April 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До Кривичниот суд не е пристигнато ниту едно барање за аболиција од осудените лица за 27 април, изјавија денеска од Судот. Од таму појаснуваат дека според процедурата, Судот прибавува информации за тоа какво било поведението на лицето во затворот, дали против него се водат други кривични постапки и сите тие податоци ги доставува до Министерството за правда кое потоа одлучува дали затвореникот ќе биде помилуван или не.

Од Судот не сакаа да ја коментираат хипотетичката ситуација како би постапиле во случај ако Иванов сепак одлучи да ги прифати барањата за помилувања кои до неговиот Кабинет ги испратија осуденици за 27 април.

По аболицијата која ја донесе Иванов во април 2016 година, Обвинителството веднаш ги прекина сите постапки кои се водеа и кои продолжија дури откако Иванов ја поништи одлуката за помилување, која следуваше по секојдневните протести на улиците.

„Согласно законот и одлуките од Претседателот на РМ и по нивното поништување, во обвинителствата се преземаат сите законски обврски за продолжување на постапките“, рекоа тогаш од Обвинителството.

Поради фактот дека сега се работи за веќе осудени лица, од Судот не прецизираа како ќе постапат по евентуалната одлука на Ивнаов за помилување.

„Не е во ред однапред да се позиционираме, ако се донесе аболиција тогаш ќе изградиме и ќе го кажеме нашиот став“ кажа претседателот на Судот Иван Џолев.

Дилемата во јавноста е дали Иванов воопшто има право да помилува, откако Уставниот суд го поништил фамозниот член 11 од Законот за помилување, кој му даваше право на шефот на државата да аболицира.

Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски смета дека помилување на осудените во настаните од „27 април“ од страна на претседателот на државата во моментов не би можело да има правно дејство, бидејќи нема член врз основа на кој тоа би било правно засновано.

– Член 11 од Законот за помилување на кој некој сака да профитира и да создаде некои состојби ниту постои во правниот поредок, ниту, пак, можел да постои. Уставниот суд со своја одлука во 2016 година го поништил дополнувањето на Законот што се однесувало на зголемените права на претседателот на Републиката. Меѓутоа, некој сака тоа дополнување на Законот за помилување што е поништено да го врати во правниот поредок. Но, ниту Уставниот суд , ниту друг може да го врати тоа во правниот поредок, бидејќи не постои таква одредба,коментира Ивановски и додва дека Иванов може да помилува но само во согласнот со Закон, а не неограничено како што беше предвидено со оваа одредба.

Откако Уставниот суд во 2016 година ги укинал измените во Законот за помилување, за повторно да оживее претходно укинатиот член 11, требало Парламентот да предложи измени и дополнувања на Законот за помилување, а пратениците да ги изгласаат, а не, сега да се толкува дека автоматски состојбата се вратила на старото решение, објаснува Ивановски.

И премиерот Зоран Заев, денеска рече дека е невозможно Иванов да аболицира, бидејќи не постои правна и уставна основа за таков чекор.

„Членот 11 од Законот за помилување не постои. Процедурата за помилување не може да се одвива за време на изборите, бидејќи влијае врз гласачите. Оваа постапка може да се одржи по изборите”, рече Заев.

Но, правни експерти кои инситираа на анонимност отвораат и друга дилема. Дури и во случај кога Иванов и покрај законските пречки, сепак одлучи да стави потпис на барањата за аболиција, тој ќе мора да се потпише како претседател на Република Северна Македонија, за тие воопшто да бидат објавени во Службен весник и да стапан на сила.

Иванов, досега одбиваше да се потпише како претседател на Северна Македонија и да го смени претседателскиот печат. Указите за унапредување во Армијата што ги донесе Иванов ги достави до Службен весник како претседател на Република Македонија, по што од Службен весник изјавија дека „веќе нема да  објавуваат укази и решенија на претседателот, бидејќи го нема сменето називот од претседател на Република Македонија во претседател на Република Северна Македонија“.

Од истите причини Иванов не ги потпиша ниту указите за прогласување на законите и ги врати во Собранието.

Од Кабинетот на Иванов, освен информацијата дека примиле повеќе барања за помилување, не соопштуваат други детали. Оттаму нема информации кој поднел барање за аболиција,  дали Претседателот се консултира со правни експерти и како планира да постапи.

За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица. Највисока казна од 18 години доби поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.Обвинителството за организиран криминал отвори истрага и за организаторите на насилниот упад во Собранието и ги сомничи Никола Груевски, Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Никола Бошковски, но нема потврда дали некој од овие лица доставиле барања за помилувања, и покрај тоа што нивната постапка е во фаза на истрага.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.