НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали НАТО има иднина? За подобро или полошо

0
By Нова ТВ on September 5, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Карл Кајзер
По распадот на Советскиот Сојуз, НАТО често беше отпишуван како излишен. Сепак, НАТО останува клучен за светскиот поредок. Атлантската алијанса е форум за ковање на решенија за современите безбедносни прашања. Многу од неговите функции станаа уште позначајни во 21-от век.

Под чадорот на НАТО, атлантскиот регион стана зона на мир каде принципите на Обединетите Нации за забрана на употреба на сила станаа реалност. Благодарение во голем дел на американското лидерство, НАТО поттикна посебна врска меѓу своите држави членки, променувајќи ги толку длабоко што евентуална војна меѓу овие држави сега е незамислива. Повеќе политики придонесоа кон овој процес, од интеграцијата на командните воени структури — претходно управувани една против друга — до зајакнувањето на политичката и економската соработка. Приликите за одржување на воспоставениот светски поредок во 21. век ќе бидат сериозно намалени доколку не можеме да ја задржиме состојбата на мирољубиви односи.

Атлантскиот сојуз исто така функционираше ефективно како основачка рамка за помош во растот и демократизацијата на националните држави. Почнувајќи со успешното реинтегрирање на Германија по Втората светска војна, НАТО се докажа како ефективен транзиционен олеснувач. Кога претседателот Хари С. Труман, и покрај значајниот отпор инсистираше Германија на подолг рок да биде рамноправна членка на денот на потпишувањето на НАТО пактот во 1949 година, ги постави темелите на иднината на НАТО. Тоа го овозможи развојот на Германија во стабилна демократија и важен партнер на НАТО.

Во 1990 година, за време на обединувањето на Источна и Западна Германија, НАТО повторно имаше витална улога — кога беше прифатена дури и од Советскиот Сојуз. Ја обезбеди сеопфатната рамка без која обединувањето можеби никогаш немаше да се случи.
Во истата насока, интегрирањето на поранешните комунистички држави и поддржувањето на нивната демократизација е исто така важна — и во никој случај завршена – задача за НАТО. Уште повеќе, улогата на НАТО во обликувањето на односите со потенцијалните членки и партнерите за соработка како Русија и Украина е клучна за одржувањето на стабилноста во Европа и на нејзините граници.
НАТО даде значаен придонес во рационалното управување со нуклеарното оружје. Преку својата стратегија, воената практика и селективната соработка со Советскиот Сојуз за избегнување на нуклеарен конфликт, НАТО успеа да го ограничи и да ги означи нуклеарното оружје како забрането. Имајќи го во предвид преостанатото и непотребното огромно количество на нуклеарно оружје зачувано во државите од НАТО и од Русија, тоа сеуште претставува значајна функција.

Конечно, значајната улога на НАТО во Студената војна само ја потврдува неговата релевантност. Со својата важна промена на стратегијата — формулирана во “Хармеловиот извештај” од 1967 година, нагласувајќи го попуштањето на затегнатоста и соработката со противникот на исто ниво како одвраќањето и одбраната – Атлантската алијанса беше способна да го приведе кон крај светскиот конфликт меѓу истокот и западот без ниту еден истрел. Ова успешно решение на конфликтот кој имаше потенцијал да го уништи човечкиот вид останува како модел и инспирација за решавање на современите конфликтни ситуации.
Само долготрајна и витална алијанса може да ја исполнува ваквата улога.

Неизбежни предизвици

Иако продолжувањето на овие традиционални функции создава доволно добра причина за опстанување на НАТО, потрагата по решенија за безбедносните предизвици кои се издигнаа по завршувањето на конфликтот меѓу истокот и западот обезбедуваат понатамошна мотивација. Овие предизвици можат да бидат групирани во четири проблематични целини. Првата група ја сочинуваат настаните произлезени од распадот на држави, граѓански војни и етнички конфликти. Овие состојби можат директно да влијаат на безбедноста на членките на алијансата и затоа е потребна заедничка акција. На Балканот, на пример, НАТО обезбеди значајна сила за стабилизација и помош во градењето на државите.

Втората група на безбедносни прашања изникнува во ситуации каде — најчесто поврзано со неуспешни држави — условите им овозможуваат на терористите да воспостават бази за операции и засолништа. Таквата состојба овозможува терористички напади, како тие на 11 септември 2001, и затоа е потребна заедничка акција за уништување или за превенирање на терористичките формации. Авганистан е одличен пример, каде НАТО трупите работат заедно со другите институции и држави. Ова е поврзано со третата област на проблеми: ширењето на оружјето за масовно уништување, пред се во рацете на терористите. Повторно, НАТО може да биде клучен во координирањето на меѓународен одговор за овие закани.

Четврто, и последно, масовното прекршување на човековите права, како што се етничкото чистење и геноцидот, бара акција од меѓународната заедница која НАТО може да ја организира или да земе дел во акцијата.
Ниту една од овие задолженија не може да биде извршена од само една држава, без никаква надеж за успех, дури ни од Соединетите држави. Но ниту една држава која поседува средства како тие на Германија не може да се воздржува од било каква форма на учество. Во современиот свет на транснационална меѓузависност и релативно пропустливи граници, сите држави членки на алијансата ќе бидат засегнати од можните катастрофални последици од овие нови закани.

Мислењето дека германските трупи не треба да земат дел во борбените мисии на НАТО слепо го игнорира транснационалното ниво на овие закани. Доколку Талибанците и Ал Каеда повторно ги воспостават нивните бази за операции во Авганистан, можноста за напади во Германија и во нејзините сојузници драстично ќе се зголеми. Било која политичка стратегија од Берлин која одбива да го признае тоа, ја игнорира меѓународната позиција на Германија и нејзината растечка одговорност како светски играч. Згора на тоа, не обрнува внимание на фактот дека од таквиот став на незаинтересираност кон овој проблем, расте огорченоста кај другите сојузници кои се приморани да платат за заштитата на германските интереси со нивни сопствени жртви.

Во справувањето со овие нови задачи, НАТО е приморан да се судри со нови структурни потешкотии. Додека скептиците го употребуваат тоа како изговор за да ја отпишат важноста на алијансата, интересите на западот налагаат овие потешкотии да бидат идентификувани и надминати. Во таа насока, НАТО мора да се спротивстави на организационите предизвици и соодветни да ги прилагоди својата стратегија и институции.

Првиот предизвик на НАТО во постојните безбедносни закони стана прашање на толкување. Во контраст со ерата на конфликтот меѓу истокот и западот, каде воениот потенцијал служеше како релативно јасен показател за степенот на закана (иако со различни проценки), денес прашањето за тоа кога и дали случаите на внатрешна дестабилизација, етнички конфликт, или растот на радикална група претставуваат безбедносна закана е помалку јасно: оценките се разликуваат во и помеѓу членките на алијансата. Оттука, не е изненадување што различните погледи станаа правило и што НАТО постојано мора да истапи како судија, преговарач и менаџер на несогласувањата. Но тоа не го осудува НАТО на пропаст. Напротив, ја присилува алијансата да го подобри внатрешниот дијалог и го потпомага градењето на консензус.

Второ, за разлика од ерата на конфликтот меѓу истокот и западот, кога НАТО се обидуваше да спречи избивање на војна со заплашување и одвраќање, ризикот денес не е повеќе хипотетички. Назад во тоа време, дури и општествата со пацифистички традиции можеа да живеат со концептот на заплашување и одвраќање. Но, во новото НАТО практично сите операции — од “енергичното чување на мирот” и развојните мисии во земјите во криза па се до вистинските борбени мисии — вклучуваат реален ризик по животите на неговите војници, а исто така и значителни материјални трошоци. Тоа е нова состојба на работите за голем број на општества, бидејќи повеќето од нив, вклучувајќи ја и денешната Германија, немаат традиција на воена интервенција ниту историски развиено прифаќање на загубите како што имаат Соединетите држави, Британија и Франција. Затоа, доколку новата безбедносна политика добие легитимитет во државите, политичките класи ќе мора да покажат мудрост и храброст за да им стават до знаење на своите општества дека нивната безбедност зависи од ангажирањето на нивните војници и средства во далечни држави. Тоа е и потребно, и возможно.

За да се постигне таа цел, НАТО мора да ја промени својата претходна филозофија за “колективна одбрана” во филозофија за “колективна безбедност.” Не е повеќе во прашање заштитата од можен напад на советската армија кој би ги вовлекол сите во војна — опасност која релативно лесно можеше да се објасни пред домашната јавност. Денес НАТО работи на создавање на политички услови во далечни држави кои ќе ги спречат потенцијалните закани како што се нападите врз државите членки на алијансата. За да се објасни зошто развојната помош и градењето на државите, заедно со одржувањето на мирот и воените ангажирања претставуваат значајни безбедносни мерки, потребно е развивање на сложена домашна низа на аргументи. Сето тоа е многу потешко “да се продаде” бидејќи не вклучува препознатливи државни интереси како што е спречувањето на напади, туку се базира на хуманитарни цели кои ги формираат основите за ангажирање на сопствени државни трупи и средства.

Геноцидот е одбиен насекаде, но преминот од згрозеноста кон вистинско ангажирање на војници со цел да се спречи или да се стави крај на геноцидот е голем чекор, најзабележително во демократии, како што е прикажано во случајот на Дарфур. Сепак, не постои начин да се заобиколи потребата демократските општества во НАТО да ја редефинираат својата безбедносна политика и да работат на обновување на нејзиниот легитимитет доколку овие демократии сакаат да не бидат изложени на потенцијални катастрофални напади.

Ова редефиниција и легитимизација мора да биде постигната со развивање на нов заеднички стратегиски концепт. Започнувањето на таков зафат на 60. годишнината на НАТО во 2009 ќе биде олеснето со неминовното враќање на Франција во НАТО и новата американска администрација. Проектот треба да исполни три задачи. Прво, стратегијата, сопственото дефинирање, постапките за консултации, оперативната имплементација, придонесите на индивидуалните членови и институционалните правила мора да бидат редефинирани. Второ, процесот на редефинирање на стратегијата треба да покрене дебата во нациите членови и да помогне во разјаснувањето на безбедносните прашања со цел да се зајакне и зацврсти домашната поддршка и да се создаде легитимитет. Трето и последно, тоа треба да премине во “обединувачки напор” кој ќе помогне да се надминат денешните разлики во мислењата внатре во алијансата кон градење на консензус за нејзината преобразена безбедносна улога.

Успехот на овој потфат зависи од способноста на НАТО да ги надмине обидите за негово намалување на ниво на “коалиција на подготвените,” што може да биде фатално за алијансата. Овој процес мора понатаму да ја разјасни врската меѓу граѓанскиот и воениот пристап и да ја преиспита соработката со другите институции — првично и пред се со Европската унија — и партнерите надвор од НАТО.

Карл Кајзер е професор на Хардард

Тексто е превземен од “Шпигл”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.