Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали НАТО има политичка волја за да се соочи со Русија?

0
By Нова ТВ on September 10, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Марк Урбан, уредник за дипломатија и одбранбени работи, BBC Newsnight

НАТО не можеше да ги одбегне прашањата за потребата од неговото постоење во годините по 1989 и падот на Берлинскиот ѕид.

Сегашните настани во Украина, и придружните изјави од Кремљ за дејствувањето за заштита на интересите на Русите во соседните држави, се чини дека нудат спас за западната алијанса – преку мисија за „враќање во иднината”, со организирање на колективна одбрана спроти заканата од идните присилби од истокот.

Не мора да биде комплицирано и не мора да ја вовлече алијансата во нови војни.

Едноставност

Всушност, може да се каже дека целата сила на НАТО за време на неколку декади во Студената војна лежеше во едноставноста на неговите мисии и успехот со заплашување и одвраќање за да се одбегне вистински конфликт.

Основачката повелба на организацијата, потпишана во Вашингтон во 1949 година, го привлекува вниманието поради нејзината концизност.

Клучната одредба, членот 5, наведува дека “вооружен напад против еден или повеќе држави членки во Европа или Северна Америка треба да се смета за напад против сите членки”.

Во заедничка статија во весникот Тајмс во четвртокот, Дејвид Камерон и Барак Обама напишаа дека сега е времето да и се “разјасни на Русија дека ние секогаш ќе се придржуваме до нашите обврски за колективна самоодбрана кои произлегуваат од членот 5”.

Лидерите кои го водат самитот на НАТО во Њупорт веруваат дека можат да го искористат овој момент, и загриженоста предизвикана од последните настани во Украина, за да ги притиснат членките да престанат со расклопувањето и демонтирањето на нивните одбрани, што се случува во последните две декади.

Тие исто така сакаат да ги спојат силите заедно за помош на трите Балтички држави кои се придружија на НАТО на крајот на Студената војна, а сега се примарен фокус на грижите, предизвикани од отворено признатите иредентистички политики на претседателот Владимир Путин.

Нуклеарна закана

Има неколку причини зошто можеби нема да биде возможно западните сојузници да го направат тоа.
На прво место, има неколку основни прашања на политичка волја.

Коментарите на претседателот Путин дека другите не треба да се “плеткаат” со Русија во однос на Украина и треба да запомнат дека Русија беше значајна нуклеарна сила, ја разбранија реториката која ја опкружува кризата до точка каде повеќето западни политичари би се плашеле да се упатат.

Неодамнешната статија на рускиот аналитичар Андреј Пионтковски предизвика шок во многу европски центри, претставувајќи дека главните цели на г. Путин се “максимално ширење на рускиот свет, разурнување на НАТО и дискредитација и понижување на САД”.
Тој додава дека државите од НАТО како САД и Германија нема да застанат во одбрана на Балтичките републики, и доколку е потребно, Кремлин би извршил ограничен нуклеарен напад во Европа со цел да ја раздели Атлантската алијанса на два дела.

Иако г. Пионтковски не пишува од позиција на официјално лице – далеку од тоа – неговите изјави се проценети како доволно прецизна оценка на некои од поекстремните размислувања во Кремлин, така што и други луѓе пишуваа со користење на слични изрази.

Варшавската проба

Ен Аплбаум, историчар и колумнист, жена на полскиот министер за надворешни работи, забележува во Вашингтон Пост дека идеите за раздвојување на Европа и Америка со нуклеарен напад можеби се застрашувачки, но не може да се каже дека се далеку од реалноста.

„Во воените вежби во 2009 и 2013 година, руската армија отворено испробуваше можен нуклеарен напад врз Варшава,” напиша таа.

Никој во НАТО не мисли дека алијансата треба да помага во одбраната на Украина со воена сила – сепак таа не е член на пактот.

Но спремноста на Русија за предизвикување на ескалација, во практична смисла со испраќање на сили во таа држава, или во реторичка смисла со спомнување на нуклеарно оружје, шокираше повеќе држави до тој степен што веќе не постои консензус внатре во НАТО ниту за прашањето за испраќање на оружје за Украина.

Наместо да гледаат на новата криза во источна Европа како заеднички повик за преземање на нови обврски за колективна одбрана, повеќето НАТО членки остануваат заробени во менталитетот на “вонредни операции” од минатата декада, вклучувајќи ги и “коалициите на согласните” во Ирак и Авганистан.

Основата врз која тоа беше поставено – испраќање на сопствени сили доколку тоа одговара политички и воено за тебе – е суштински различна во однос на филозофијата на НАТО од Студената војна.

Неподготвеноста на членките на алијансата да се вратат на таквиот менталитет на колективна одбрана може да се забележи во силите за брза реакција кои беа објавени оваа недела.

Скратувања на одбраната

И планот за брза акција, и заедничките експедитивни сили се фактурирани како начини на кој НАТО би ги мобилизирал трупите за помош на државите членки како што се Балтичките држави, доколку почувствуваат дека потпаѓаат под притисок од Русија.

Но овие сили, како што се моментално конституирани, вклучуваат контингенти од мал број на согласни и подготвени држави.

Тие не ги спојуваат заедно сите големи играчи во НАТО – САД, Обединетото Кралство, Германија и Италија на пример – на начин на кој поранешната пожарна бригада на алијансата од Студената војна, Мобилните сили на сојузната команда за Европа, го правеше тоа.

Секако, способноста на државите членки да станат дел од такви вложувања е делумно ограничена од скратувањата на одбраната кои ги донесоа во изминатата декада.
Не само што 24 од 28 членки на НАТО ги намалија воените трошоци под предвидените 2% од БДП, за што сите се (теоретски) обврзани да се придржуваат, туку кратењето продолжи и покрај кризите на средниот исток и во Украина во последните неколку години.

Податоците објавени минатата недела во Џејнс покажаа дека европските држави пренасочиле 93 милијарди долари (57 милијарди фунти) од буџетот за одбрана во периодот од 2012 до 2014 година.

Постапки, не зборови

Како организатор на овој самит, Владата од Даунинг стрит работи на упатување на членките на НАТО кон повторно зголемување на буџетите за одбрана.

Но иако Обединетото Кралство е една од четирите држави (заедно со САД, Грција и Естонија) кои сеуште ја задоволуваат предвидената квота од 2%, сепак има многу неодговорени прашања за тоа дали оваа држава е подготвена да го зголеми нејзиниот буџет, или напротив, дали би направила понатамошни кратења на нејзините сили за време на ревизијата на одбраната во наредната година.

Како и секогаш, доказот за успехот или неуспехот на овој самит ќе биде видлив во постапките на учесниците, а не во зборовите на финалниот извештај.

Но дури и кога успехот е ограничен поради нервозата и неспремноста на државите членки да се обврзат на хартија за зголемување на воените трошоци, за помош за Украина или за заедничка акција на средниот исток, објективно е само да претпоставиме дека НАТО е сеуште далеку од повторното откривање на чувството на цел кое го имаше за време на Студената војна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
ФОКУС

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

СВЕТ September 27, 2025

Соединетите Американски Држави им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план од 21 точка,…

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.