Ивон Величковски: Операцијата „гаранции“ дека нема ново вето пропадна со овонеделната посета на Кошта на Софија, со која јасно ни се исцртува дека до 2030 сме полноправни членки на ЕУ, доколку ги исполнуваме обврските од рамката и стандардите. Владеење на правото и борба против корупцијата, на пример, кои значат и расчистување со олигархијата и нивните партии во судството, но и откривање, запленување на нелегалните пари – и санкционирање на нивните сопственици. Но и банките преку кои се движеле. Затоа што, на пример, банкарски систем низ кој се движат нечисти пари за малигни влијанија е составен дел од невладеење на правото и корупција. Но и фискална дисциплина, како и финансиска одржливост на државниот и јавните буџети.
Извор: Фронтлајн.мк