Сириската невладина „Опсерваторија за човекови“ права соопшти дека од четвртокот во Сирија се убиени 300 цивили во судирите меѓу сириските безбедносни сили и сојузничките групи со лојалистите на соборениот претседател Башар ал Асад во западниот дел на земјата.
Ова е прво насилство од ваков размер откако бунтовничката коалиција предводена од радикалната исламистичка сунитска група Хајат Тахрир ал-Шам-ХТС ја презеде власта во Сирија на 8-ми декември.
Судирите избувнаа во четвртокот по неколкудневните тензии во регионот Латакија, упориште на алавитското малцинство, огранок на шиитскиот ислам на кој му припаѓа семејството на Асад.
Според Опсерваторијата, безбедносните сили и сојузничките групи убиле 311 цивили Алеути во крајбрежната област од четвртокот, како и дека се спроведуваат егзекуции и грабежи на домови и стоки.