Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дамјаноска Спасеновска: Иако има делумна слобода на изразување, новинарите не ретко се соочуваат со притисоци

0
By Marija Todorovska on May 3, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога станува збор за слободата на изразување, особено сум загрижена за безбедноста на новинарите, која се нарушува преку онлајн закани, притисоци и дискредитации.

Дестан Јонузи

„Состојбата на медиумите во Македонија е комплексна и исполнета со предизвици, иако постојат и позитивни поместувања во одредени области. Иако има делумна слобода на изразување, новинарите не ретко се соочуваат со притисоци, а многу пати се забележува и автоцензура“, вели во разговор за Фронтлајн, новинарката Елизабета Дамјаноска Спасеновска, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

ФРОНТЛАЈН: Како би ја опишале состојбата на медиумите во нашата земја?

Елизабета Дамјаноска Спасеновска: Состојбата на медиумите во Македонија е комплексна и исполнета со предизвици, иако постојат и позитивни поместувања во одредени области. Иако има делумна слобода на изразување, новинарите не ретко се соочуваат со притисоци, а многу пати се забележува и автоцензура.

Исто така, ретко се забележува разновидност на мислења, (понекогаш дури насловите на вестите се исти), иако во Македонија има голем број медиуми, особено он лајн портали. Од друга страна, би сакала да нагласам дека на македонскиот медиумски простор има професионални медиуми и новинари, но поради динамиката на работа, често се изоставува темелното информирање.

ФРОНТЛАЈН: Како го оценувате нивото на медиумските слободи и слободата на изразување?

Елизабета Дамјаноска Спасеновска: Кога станува збор за слободата на изразување, особено сум загрижена за безбедноста на новинарите, која се нарушува преку онлајн закани, притисоци и дискредитации.

ФРОНТЛАЈН: Кои се вашите препораки за унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи?

Елизабета Дамјаноска Спасеновска: За унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи во Македонија, потребен е сеопфатен пристап, кое ќе вклучи поддршка за истражувачко новинарство, обуки и менторски програми за новинари со што би се зголемил професионалниот и етичкиот стандард. Исто така, сметам дека неопходно е воведување програми за медиумска писменост во образовнниот систем со цел да се поттикне критичко размислување кај младите.

За крај, неопходно е брзо и ефикасно постапување при закани или напад на новинари. Од друга страна, и дел од новинарите неопходно е да го зголемат професионализмот, да прават двојна проверка пред објава на вест, и помалку да употребуваат клик-бејт наслови.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

дамјановска Слобода на медиумите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.