Филмот „Defining fay“ на македонскиот режисер и сценарист Саша Дамјановски, со музиката на композиторот Никола Коџабашија е победник на фестивалот за современ филм и видео „Limelight film awards 2013“ во Лондон, во категоријата научна фантастика.
Досега овој филм се прикажа на фестивалите: „Филип К Дик“ во Њујорк, „СФ фестивалот“ во Атина и во Лондон, како и на фестивалот на кратки филмови во Балтимор, САД.
Фестивалот „Limelight film awards“ е наменет за млади автори, а филмот на Дамјановски е поетска визија на крајот на светот.