Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даниела Рангелова била осомничена во случајот на СЈО за Центар

5
By Сашка Цветковска on September 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова била една од осомничените за време на истрагата на Специјалното јавно обвинителство поврзана со случајот за насилство врз градоначалникот и Советот на општина Центар, летото 2013 година, дознава НОВАТВ. Таа била дел од осомничените во истрагата, но нема информација дали таа е дел од 14-те обвинети во овој случај за којшто денеска СЈО објави дека е покренато и обвинение.

Не знам дали сум обвинета. Тврдам дека немам никаква врска со настаните во општина Центар. Гледам имале сведоци, ама тие се лажни сведоци. Јас не сум направила никако кривично дело, рече Рангелова во изјава за НОВАТВ.

Од Специјалното јавно обвинителство одбија да ги соопштат имињата на сите обвинети, како и нивните функции.

Во времето на овие демонстрации Рангелова беше советник во општина Центар и таа ги одржуваше прес-конференциите на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во коишто стоеше заедно со претставници на „Веритас“, организацијата која ги водеше демонстрациите кон верниците. Додека Жерновски за време на демонстрациите излегуваше да ја смири толпата и да соопшти дека нема да се руши никаква црква, Рангелова држеше конференции на кои таа и нејзината советничка група инсистираа на тезата дека ќе се руши црква.

На изборите во 2014 таа беше ставена на пратеничката листа на ВМРО ДПМНЕ и оттогаш е пратеник. Таа е и претседателка на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение: Архивски видеа од случувањата пред општина Центар од јуни 2013

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.