Политичките лидери мора во целост да го почитуваат политичкиот договор од Пржино и основните принципи на Договорот, како што се владеењето на правото, одговорност, инклузивност и кредибилни избори. Оваа рамка останува клучна за решавање на политичката криза.
Ова го порачал директорот на Директоратот за проширување на ЕК Кристијан Даниелсон на средбите кои ги имал со политичките лидери, Специјалното јавно обвинителство, граѓанското општество и со амбасадорите од земјите членки на ЕУ.
Тој потенцира дека релевантните чинители итно мора да ја согледаат ситуцијата во интерес на граѓаните и евроатлантските перспективи.
Како што вели Даниелсон интерес на сите е е аболицијата од Ѓорге Иванов веднаш да биде повлечена.
– Во земја кандидат за членство во ЕУ мора да има целосна одговорност и еднаков третман пред законите. Нема простор за неказнивост или селективна правда , изјави Даниелсон.
Тој бара на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим да им се дозволи да ја работат својата работа, како клучен елемент за враќање на довербата во владеењето на правото и судскиот систем.
-Сите политички сили сега имаат шанса да ги импелментираат неопходните реформи и да подготват кредибилни избори наскоро. Реформите мора да бидат спроведени инклузивно. Ургентните реформски приоритети за кои четворците лидери пред една година ветија дека ќе ги имплемнтираат, не смеат да останат само декларативни, рече Даниелсон.
Тој исто така потенцирaше дека на Македонија и е потребен инклузивен дијалог во кој ќе бидат вклучени сите сегменти од општеството.
Директорот на Директоратот за проширување на ЕК денека не одговараше на новинарски прашања.