Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дебата: Културата загрижувачки зависна од политиката

0
By on March 26, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како се формулира конкурсот на Министерството за култура, кои се критериумите според кои се одлучува и кој одлучува? Дали постоечкиот модел на финасирање на сите културни институции (јавни, независни, приватни) ги исполнува потребите на своите корисници преку само еден единствен годишен конкурс? Дали е потребно одвојување на апликантите како и буџетските средства кои им се на располагање, со цел да се обезбеди рамноправна достапност до јавните средства и подигање на транспарентноста во трошењето на истите? Кое е нивото на транспарентност на резултатите на конкурсот?

Ова се дел од прашањата за кои ќе се разговара на дебатата „Културни политики или список на теснопартиски желби“, во четврток 28.03, во клубот ГЕМ, со почеток во 12 часот. Дебатата ја организираат ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена и Здружението на граѓани Плоштад Слобода организиран во рамките на проектот на Плоштад Слобода „Сосед чувар“.

На дебатата се поканети претставници на Министерството за култура, претставници на политичките партии, претставници на културните институции, експерти од областа на културата, уметници и претставници на независниот културен сектор.

Панелисти на дебатата се: Оливер Белопета, Роберт Алаѓозовски и Ѓунер Исмаил

„Повеќе од загрижени сме од континуитетот во занемарувањето на стратешки развојните културни политики во изминатите 20 години чии последици сега уште повеќе ги чувствуваме. Воедно, засегнати сме од односите на државата кон културата и кон развојот на културните потреби на граѓаните. Релевантните институции, а во прв ред

Министерството за култура веќе 20 години никако не можат или не сакаат да создадат стратешки оправдана културна политика која ќе соодветствува со потребите на нашиот политички и културен контекст, но и која ќе биде релевантна во поширокото семејство на современи практики во културните политики. Наместо тоа, со секоја нова политичка номенклатура се креира и нова културна политика која трае колку што трае и екипата која ја создала. Дијапазонот на дејствување на овие културни политики е со краток домет, без долгорочна визија и со тесни, често ретроградни интереси.

Водени од овој проблем решивме заеднички ги повикаме надлежните и засегнатите и да отвориме серија дебати. На тој начин би сакале да придонесеме кон решавање на прашањата на еднаквиот пристап до јавните финансии од културата и креирање јавни културни политики од кои бенефитот ќе го почуствуваат сите културни чинители, а преку нив и граѓаните на РМ. Веќе 20 години чекаме да се воведе некаков ред во трошењето на јавните пари во културата, исто колку што чекаме и еднаков пристап до јавните пари за сите актери во културата“, велат организаторите

Дискусијата има цел не само да ги постави отворените прашања од областа на функционирањето на јавната културна политика во Македонија, туку преку критичко размислување на учесниците и претставување на можните решенија особено оние кои веќе функционираат во регионален контекст (Србија, Хрватска, Црна Гора) да поттикне и помогне во креирање на подобри и поуспешни културни политики и стратегии на национално ниво и да овозможиме примена на проверени модели кои овозможуваат почист и дефиниран простор за дејствување на актерите на културната сцена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.