Демонстрантите успејаа делумно да ја пробијат полициската блокада кај Министерството за финансии каде што сакаат да го изразат незадоволството од зголемувањето на јавниот долг, посебно по издавањето на еврообврзницата со максимален износ од 650 милиони евра.
Демонстрантите ги искористија подземните гаражи и влезовите од околните згради. Некои останаа зарбоени внатре, а полицијата направи кордон со штитовите.