Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демокраси репортинг интернешанл: Членките на ЕУ неефикасни во активирање на пресудите на Европскиот суд за човекови права 

0
By Zoran Ivanov on September 28, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пресуди кои чекаат на имплементација повеќе од пет години имаат Бугарија, Грција, Ирска, Италија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Унгарија и Финска. Според ДРИ, се уште не се спроведени над 50 проценти од пресудите изречени на Бугарија, Кипар, Италија, Малта, Полска, Романија, Словачка, Унгарија и Шпанија изречени во последните десет години. 

Земјите членки на Европската Унија не ги спроведуваат во целост пресудите на Европскиот суд за човекови права и на Судот на правдата на ЕУ со што ги поткопуваат демократијата и владеењето на правото во блокот, се оценува во Извештајот на невладината организацијата Демокраси репортинг интернешанл (ДРИ), со седиште во Берлин.

Во документот, што ДРИ го подготви во соработка со Европската мрежа за имплементација (ЕИН), се посочува дека заклучно со 1 јануари 2024 година, на имплементација чекаат 624 пресуди изречени на земјите членки на ЕУ од страна Судот за човекови права.

Минатата година, на исполнување чекале 44 отсто од пресудите на овој Суд, што претставува зголемување во однос на 2022 и 2021 година, кога ваков статус имале 40, односно 37,5 проценти од пресудите.

Просечната должина на времето потребно за спроведување на пресудите на Судот за човекови права во државите на ЕУ во 2023 година изнесувала пет години и два месеци, во споредба со пет години и еден месец во 2022 година и четири години и четири месеци во 2021 година.

Пресуди кои чекаат на имплементација повеќе од пет години имаат Бугарија, Грција, Ирска, Италија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Унгарија и Финска. Според ДРИ, се уште не се спроведени над 50 проценти од пресудите изречени на Бугарија, Кипар, Италија, Малта, Полска, Романија, Словачка, Унгарија и Шпанија изречени во последните десет години.

Севкупно, не се имплементирани над 85 проценти од пресудите на Судот за човекови права изречени на Бугарија и Романија и 76 отсто од пресудите за Унгарија. Номинално, „лидер“ во неспроведувањето на одлуките на Судот за човекови права, според Извештајот, е Романија која во 2023 година имала 115 пресуди кои не се имплементирани.

Финска е посочена како светол пример која забележала „импресивен напредок“, со расчистување на речиси сите заостанати неспроведени пресуди во текот на 2023 година. Меѓу земјите кои имаат најмалку неимплементирани пресуди на Судот за човекови права се и Данска, Естонија, Луксембург и Шведска.

Пресудите изречени од овој Суд главно се однесуваат на условите во кои се држат притворените лица, како и на нивните права, потоа на појави на полициско малтретирање, на прашања поврзани со азилот и миграцијата, на правата на лица со ментална попреченост, како и на случаи на дискриминација на припадниците на ЛГБТИК+ заедницата и непочитување на нивните права.

Останатите пресуди се и за неефективен одговор од страна на властите на семејно и сексуално насилство, на прекумерна должина на граѓанските, управните и кривичните судски постапки, на прашања поврзани со правично судење, со имотни права и со приватноста, како и на пристап до правдата.

– Постојаниот недостиг на напредок во спроведувањето на овие пресуди, исто така, предизвикува сериозна загриженост во однос на почитување на принципите на владеењето на правото, во делот на имплементирање на одлуките на судовите, се наведува во Извештајот.

Од друга страна, според авторите на документот, земјите членки на ЕУ повеќе се наклонети на спроведување на пресудите на Судот на правдата, иако и голем дел од нив не се целосно имплементирани. Така, целосно се испочитувани 110 од вкупно 201-та пресуда на овој Суд поврзани со владеењето на правото, изречени на 17 членки на ЕУ во претходните пет години. Од неимплементираните пресуди 60,5 проценти чекаат на спроведување две или повеќе години.

Во извештајот се посочува дека меѓу членките на ЕУ преовладува практиката на делумна примена на пресудите на Судот на правдата и на имплементација само на некои нивни делови.

И во однос на пресудите овој Суд, „шампиони“ во неспроведувањето се Романија и Унгарија, каде значителен дел од пресудите се само делумно спроведени или чекаат на имплементација повеќе од две години.

Романија делумно спровела 83,3 отсто од пресудите, а Унгарија 52,6 проценти. Дополнително, на спроведување повеќе до две години чекаат 66,7 отсто од пресудите изречени на Унгарија и 50 проценти од судските одлуки за Романија.

Веднаш зад нив е Бугарија со 31,8 отсто делумно имплементирани, но и 25 проценти воопшто не почитувани пресудите, што резултира со вкупна стапка на неусогласеност од 56,8 отсто. Во Бугарија на имплементација повеќе од две години чекаат 56 отсто од пресудите на Судот на правдата.

Меѓу земјите со најмал процент на неусогласеност, односно каде што целосно се имплементирани над 80 отсто од пресудите се Франција, Германија и Луксембург.

Сепак, како што се посочува во извештајот, сите земји, дури и оние со висок степен на усогласеност, „не се имуни“ на повремени одолговлекувања на имплементацијата на судските одлуки.

– Уставните судови се предводници во систематското оспорување на авторитетот на Судот на правдата на ЕУ и, некои отворено, а некои подискретно, го попречуваат спроведувањето (на пресудите), се наведува во Извештајот.

Според ДРИ, дури и во земји како Франција и Германија, највисоките судски инстанции го оспорувале приматот на европското законодавство и авторитетот на Судот на правдата.

Пресудите на овој суд главно се однесуваа на ограниченоста на пристапот до правдата, на независноста на судството и обвинителството, како и на прашања поврзани со азилот и миграцијата.

Судот на правдата решавал и по случаи на неселективно чување на личните податоци и пристап на властите до нив, на оневозможување на пристапот до информации од јавен карактер, како и на ограничувањата и попречувањата на активностите на граѓански организации и академски институции.

Во извештајот и се препорачува на ЕУ да ги засили, дури и да ги финансира напорите за поголемо извршувањето на пресудите од двата Суда. ДРИ ја повикува Европската комисија да обезбеди и поддршка за иницијативите, особено оние на граѓанските организации и на Советот на Европа, со цел за да се обезбеди почитување на човековите права на целата територија на ЕУ, преку „претворање на судските пресуди во конкретни промени“.

Европскиот суд за човекови права е основан во 1959 година врз основа на Европската конвенција за човекови права. Тој е институција на Советот на Европа и игра витална улога во заштитата на човековите права, основните слободи и владеењето на правото низ Европа. Иако одлуките на Судот се обврзувачки, сепак нивната имплементација зависи од волјата на владите на секоја одделна земја.

Судот на правдата на Европската Унија, пак, е највисокиот суд во ЕУ задолжен за толкување на правото на блокот и обезбедување на негова единствена примена во сите земји членки. Надгледувањето на спроведувањето на пресудите на овој Суд е во надлежност на Европската комисија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.