Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден кога Груевски стави потпис зад бомбите на Заев

0
By Биљана Секуловска on June 20, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

“Срам да му е на човек да чита медиуми и што се зборува”, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов, во интервју за Атанас Кировски во Телма. Кога сме веќе кај срамот, Иванов продолжува- ” Извештајот на Фридом хаус е перцепција. Тоа не е врз основа на факти, аргменти и документи… Перцепцијата е создадена од нашите медиуми. Одговорноста зошто тонат медиумите е на самите медиуми”.

Штета што на Иванов јавно не му беше прочитан извештајот на Фридом хаус, за точка по точка, со прецизни податоци, факти и бројки, перцепција по перцепција, да објаснува зошто е срамно човек да слуша што се се зборува по медиумите. Во кратки црти, извештајот на Фридом хаус ги отвора најгорливите прашања за Македонија:

„Неколку земји во Западниот Балкан и понатаму се со загрижувачки тренд за кршење на слободата на медиумите во 2014 година. Состојбата на медиумите е обележана со неколку заеднички проблеми: користењето на законите за клевета и навреда од политичарите и бизнисмените за да се сузбие критичкото известување; провладина политика во јавните радиодифузни сервиси, притисоци врз уредници од страна на политичките водачи и приватните сопственици, што доведува до самоцензура; застрашување, закани и напади врз новинари за кои не се изрекуваат казни, како и нејасна сопственичка структура.

Резултатот на Македонија опадна за 10 поени во изминатите 10 години, со што е најлошата земја на Балканот“.

Извештајот е прецизен за состојбите во Македонија: “Неколку “опозициски ориентирани медиуми беа затворени во изминатиот петгодишен период, а новинарот Томислав Кежаровски остана во притвор во 2014 година поради сомнителните обвиненија дека го открил идентитетот на заштитен сведок во случај за убиство“.

Лошата вест за претседателот Иванов е фактот што ќе морал сличен ваков извештај, дури и побрутален, да прочита и вчера- Извештајот на група експерти кои работеа под водство на поранешниот директор во Европската комисија, Рејнхард Прибе. Зад овој извештај ставен е потпис и на премиерот Груевски, поточно зад Декларација со која се обврзува да бидат имплементирани препораките на ескпертската група на ЕК.

Внимавајте, извештајот се повикува и на откритија, оние кои беа презентирани со бомбите на Заев- Декларацијата беше ден кога Груевски стави потпис зад бомбите на Заев.

Но, Груевски продолжува да се однесува како типичен балкански итрец ден пред да се потпише и заколне дека од утре ќе се однесува како демократ и ќе ги закопа (ќе ги заташка под тепих, де) вчерашните автократски перформанси, па тој за германскиот весник “Ди пресе” отфрли каква било неслобода, вклучувајќи ја и медиумската: „Проблемот во Македонија не е во недостатокот на медиумски слободи“.

Утре веројатно не само што ќе ја потврди оваа изјава, туку и ќе удри печат врз неа, со силен вресок за непријателите и предавниците и највулгарно покажување прст на се што потпишал и на секој што му го подал пенкалото. Но, ваквото негово отворено исмевање на сите обиди на странците да се вразуми Груевски е негова специјалност, усовршувана низ годините и дозволувана од истите или нови, свежи странци, кои од разни причини дозволија цела деценија Груевски да се извлекува и измолкнува, сеејќи терор и страв кај народот, кој притиснат, уценет и преплашен е принуден да го слави неговото деспотско владеење.

Оваа со векови опеана безгрижна балканска психологија на лидерите (особено на оние на власт!), мешавина на ситна лукавост, огромно безобразие и отровен цинизам, која доведува до сериозни политички земјотреси, едноставно не можете да ја упристоите со ниту еден потпис, со ниту еден извештај, препорака, декларација. Сето тоа е пропратено со повикување на разум, трошка свест и совесност, одредена доза на молење, преколнување, коленичење, низ вековите извежбана тактика на странците, но применувана исклучиво во првите месеци, кога се очекува лидерот на власт да се повлече мирно и достоинствено- што нормално дека никогаш и не се случува. Со вчерашната Декларација, Груевски стави потпис дека политичкиот живот му е продолжен за уште десетина дена.

Но, Груевски мора да знае што вели историјата за ваквите лекции по демократија- доаѓа ден кога еден од странците го трга на страна, ги крева рамениците и му вели: Да се има врховна власт е лесно, но да се биде среќен… (реплика од филмот “Претседателот”)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.