Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден по пожарот Ламбе Алабакоски на Фолк-фест Валандово ја испеа „Нема збогум“

0
By Соња Крамарска on June 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пејачот Ламбе Алабакоски се уште е во полициската станица во Битола и чека да биде изведен пред судија на претходна постапка. Тој во целост го признал палењето на влезот на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола. Бил уапсен синоќа, во својот дом. Порталот независен.мк пак пренесе информација од тамошниот дописник дека Алабакоски бил со мали изгореници на рацете и дека всушност тие биле причината за сомневањето да падне на него. Информацијата, сепак е неофицијална и не е потврдена од битолската полиција.

Она што е интересно е што наредниот ден Алабакоски пеел на музичката манифестација „Фолк фест Валандово 2022“, каде што ја извел фолк композицијата „Нема збогум“.

Македонската јавност, инаку, го запозна Ламбе Алабаковски пред 17 години преку музичкото шоу „Потрага по ѕвезди 2004“. За многу кратко време младото момче кое е инаку родум од село Љубојно стана миленик на македонската публика. Неговиот прв хит „Спаси ме“, компониран од страна на познатиот македонски композитор Дарко Димитров го вивна во ѕвездите.

Во 2005 тој ја сними својата втора песна „Каде песно моја“, компонирана од Славе Димитров. Во 2005 година Ламбе заедно со Александра Пилева отпатува во Брашов, Романија каде учествуваше на фестивалот „Golden Stag“. Во октомври истата година учествуваше на домашниот фестивал „Макфест“, каде што ја промовираше својата песна „Ех, да можам“.

Ламбе во 2013 година се ожени со својата девојка Магдалена, со која имаат два сина. Неколку години живееше во Флорида, САД, но лани заедно со своето семејство се врати во Македонијакаде ја продолжи кариерата.

Ламбе беше дел и од концертот „Засекогаш во срцата“ посветен на починатите музички великани Тоше Проески и Аки Рахимовски. Во организација на Центарот за култура Битола и Камерниот оркестар Битола двата концерти беа одржани пред бројната публика на 18 и 19 февруари.

Пејачот требаше да биде гостин на претстојниот концерт на „Меморија“ што ќе се одржи на 11 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Ламбе беше дел и од официјалната прес-конференција и се пофали дека ќе пее заедно со култниот бенд.

„Горд сум што ќе бидам дел од најголемиот концерт ова лето“, напиша Алабаковски, а фановите коментираа дека едвај чекаат да го видат и слушнат во живо. (Р.Н.)

Ламбе Алабакоски Фолк-фест Валандово 2022
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.