Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден после осми март

28
By Нова ТВ on March 9, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

Вчера учествував на еден прекрасен настан. Беше возбудливо, интересно и едноставно прекрасно. Настанот се вика #ПичПрич и во основа се состои од кажување раскази на една однапред определена тема. Овој пат темата беше: Љубовници. Слушнав прекрасни раскази, и уште сум под влијание на овој прекрасен настан кој на сосема поинаков начин го одбележа осми март како важен ден за женските права и нивната еманципација. Сакам да ја споделам со вас мојот вчерашен расказ. Сакам да размислиме за овие теми и во други денови, бидејќи тие се суштински и не може да се исцрпат само во еден ден.

Осми март е сепак и пред се ден за рефлектирање за еманципацијата на жената. Еманципацијата значи ослободување од правни, социјални и политички ограничувања или рестрикции. Еманципацијата означува слобода, независност. За жал, иако тој процес за жените започнал одамна, сепак борбата продолжува и ќе трае уште долго, бидејќи во секој чекор, во секој процес во општеството очекуваното поведение од жените се коси со нивната слобода и независност. Може да зборуваме долго за степенот на еманципација и за тоа до каде стигнале жените да ги остварат нивните човекови права и да се изборат за еднаквост во државата во која живееме. Тогаш ќе видиме дека за многу од нив, црвената боја на каранфилот кој им се подарува за 8ми март е всушност симболична цена за нивниот долготраен молк во однос на нивната “слобода”.

Меѓутоа, вчера, мојата цел беше да зборувам за еманципацијата на една посебна, специфична жена во Македонија. Таа се вика Правда. Од сите жени во ова конзервативно поднебје, за жал, Правдата е најмалку еманципирана. Во оваа држава таа не е ни слободна ниту пак независна, а најмалку е еднаква и рамноправна кон оние на кои се однесува. Ние сме научени да ја замислиме правдата во ликот на Јустиција, таа згодна божица со витко тело и со очи затворени со превез за да биде објективна и еднаква кон сите, а која во рака ја носи секогаш точната терезија која знае секогаш да одмери и да дели правда на најправеден начин.

Правдата во Македонија не е Јустиција. Правдата во Македонија не е божица, таа е “грешница”, таа е обична жена, која се заљубила во погрешен човек. Таа е жена која прифатила да биде љубовница на власта прегрнувајќи ја нејзината моќ, заборавајќи ја целосно нејзината прва љубов: законот. Власта и политичката моќ се лошо друштво за нашата грешна Правда. Лошо влијаат врз неа. Власта е како оној насилен љубовник, силеџија. Превезот што нашата грешна Правда го носи околу нејзините очи и’ е ставен од нејзиниот насилен љубовник, не за да биде објективна во делењето правда туку за да го гледа само него. Тој превез не е симбол на објективност туку симбол на слепило, на широко затворени очи кон неправдата која ја има целосно зафатено секоја пора од нашево општество.

Правдата не е единствената љубовница на тој насилен дечко наречен власт. Тој си има и други љубовници, највисоките државни институции, здравството, образованието, и многу други кои ја претставуваат државата и граѓаните. Меѓутоа, положбата на Правдата во оваа работа е малку поспецифична, впрочем, само таа во други места се идентификува како божица а тука има сосема поинаква улога.

Моќната политичка власт во оваа држава ја има корумпирано правдата омаловажувајќи ја, и доведувајќи ја во положба на целосна потчинетост, како во случаите на семејно насилство, каде што насилникот го има сосема совладано својата жртва која останала без интегритет и без идентитет. Правдата, понекогаш како жртва но понекогаш како соучесник во злосторот, под ова тешко влијание на власта заборавила дека и таа е власт, дека и таа има свој интегритет, и дека всушност, нејзината моќ е многу поголема од моќта на политичката власт. Исто како што жените ги идентификуваме како понежниот пол додека во реалноста мажите тешко издржуваат боцкање за наједноставно земање крв за анализи. Правдата во Македонија заборавила дека всушност, контролата е кај неа и дека нејзината моќ е многу поголема од тоа што изгледа и од тоа што таа се научила да верува.

Сакам да зборувам насамо со таа Правда. Да и кажам дека таа е сржта на една држава, дека ТАА Е државата бидејќи без неа ништо не постои. Сакам да и го покажам примерот на Елизабета прва, кралицата на Англија која не била тоа што денес се мисли под терминот “англиска кралица”, туку вистински државник. Сакам да и покажам на правдата дека таа, за да ја зачува нејзината лична еманципација, и слободата на својата земја решила да не се омажи бидејќи во тоа време бракот му давал многу поголеми права на мажот отколку на жената и ја ставил жената, па дури да е и кралица, во потчинета положба спрема нејзиниот сопруг. Таа прогласила дека се омажила за Англија и владеела непречено и разумно повеќе од 40 години кои во Англија се познати како златната доба.

Нашата правда не мора да стапи во брак, па ниту со државата, ако истата и е досадна. Таа самата е држава. Таа самата е власт. Еве нека биде љубовница, ама љубовница на законот, не на политичката моќ. Нема да има ништо послатко од еманципацијата на Правдата преку предавство спрема таа моќ и објавување на љубовта спрема законот. Тогаш навистина ќе бидеме држава а не импровизација на државни институции.

Сакам да зборувам со Правдата насамо, и да и’ кажам дека постојат и други љубовници кои не се насилници и силеџии како нејзиниот. Еве нека има уште еден љубовник освен законот, а тоа е слободата. Може и љубовница да биде, се е можно!

Кога Трамп ја потпиша фамозната забрана за влез во САД за жители од седум главно муслимански земји, нивната Јустиција, судот, му рече на претседателот “Извинете, ама во грешка сте, ова е противзаконски” ја прогласи таа забрана за незаконска и ја укина. Тогаш се појави многу убава карикатура во медиумите во САД која ја отслика Јустиција како препрека меѓу политичкото насилство и слободата на граѓаните како основна вредност на една држава а олицетворена во статуата на слободата. Многу моќна и значителна карикатура!

Би сакала да зборувам со нашата Правда, и да и кажам дека таа, всушност, треба да биде препреката која ќе ја заштити нашата слобода од политичката моќ. Таа треба сите нас да не штити со законот преку неговото еднакво и рамноправно спроведување. Таа треба да биде штитот, а не ножот што нé боди позади грб. Таа треба да биде заштитник од криминалот а не учесник во истиот.

Би сакала да и кажам на Правдата уште нешто во врска со Елизабета прва. И таа имала љубовник пред да се омажи за Англија. Тој се викал Роберт Дадли, и тој во еден момент бил вмешан во пучот против неа организиран од војводата од Норфолк. Пучот бил откриен, а предавниците осудени на смрт. Елизабета наредила Дадли да не биде погубен, иако веќе никогаш не го видела насамо после тој настан. Таа рекла: “Тој ќе остане жив, за да ме потсети, колку блиску сум била до целосното мое уништување”.

Би сакала нашата Правда да се еманципира, т.е. ослободи. Би сакала да ја видам како го гледа в очи насилникот кој до вчера и беше љубовник и да му каже: “Извини, ама не си во право и ќе одговараш затоа што си се огрешил пред законот”. Би сакала да ја видам како еден ден ќе се сеќава на тоа, колку блиску била до нејзиното целосно уништување само заради една погрешна љубов. Би сакала да ја видам да се спаси, и да не спаси сите нас!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.