Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До недела силен топлотен бран, температрури до 40 степени – препораки за заштита

0
By Zoran Ivanov on June 19, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Препораки за спречување на штетните ефекти од надворешните високи температури врз здравјето на луѓето, препорачани од страна на Министерството за здравство на РМ, Институтот за јавно здравје на РМ и Центрите за Јавно здравје.

 Општи препораки за заштита од топлотен бран

–  За  време  на  топлотен  бран  избегнувајте,  колку  што  е  можно,  излегување во надворешна  средина  во  периодот  од  10:00-17:00  часот.  Неопходните  работи завршувајте ги пред 10:00 часот или после 17:00 часот.

–  За  време  на  топлотен  бран  во  периодот  од  10:00-  17:00 часот, да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности.

–  Останете,  колку  што  е  можно,  во  затворени климатизирани простории (обичните вентилатори  не  помагаат  кога  температурата  е  над  35  степени).  Затворете  ги прозорците и ролетните во тек на денот, отворете ги навечер кога температурата е пониска.

–  При  неопходен  престој  на  отворен простор, избегнувајте директна изложеност на сонце, најдете можности за почести одмори под сенка.

–  Носете  светла  и  лесна  облека  (светлите  бои,  во  извесна  мера  ја  одбиваат светлината)  од  природни  такенини  (памучни,  ленени),  ставете  заштитни  очила и капа.

–  Внесувајте  големо  количество  на  течност  (не  чекајте  да  бидете  жедни), почнувајќи  од  обичната  вода  за  пиење,  па  сѐ до  минерализирани безалкохолни пијалоци. Избегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци.

–  Внесувајте  помало  количество  на  храна.  Избегнувајте  мрсна  и високо-калорична храна и храна која содржи поголемо количество шеќер.

– Туширајте се со студена вода повеќе пати во денот (или ставете студени облоги и чувајте ги нозете во студена вода).

– Кога сте во возило, отворете прозорец, за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно  затворените  возила  стануваат  многу  жешки.  Не  оставајте  никого  во возилото.

–  Хроничните  болни,  посебно  тие  со  срцеви,  невролошки  и  белодробни  болести, потребно  е  да  бидат  многу  дисциплинирани  во  однос  на  овие препораки и редовно да  ја  земаат  својата  терапија.  За  секакви  промени  на  здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор.

– Пред употреба на свеж зеленчук и овошје, задолжително е нивно миење.

– Термички подготвена храна, да се конзумира веднаш после подготовката. Ако тоа не  се  направи,  подготвената  храна  да  се  стави  во  ладилник  на  температура  до +8 Целзиусови степени, а пред употреба, да се загрее на +100 степени.

–  Да  се  избегнуваат  производи  кои  не  се  термички  обработени (домашен мајонез, сладолед, разни кремови).

–  Консултирајте  се  со  својот  доктор, доколку почуствувате невообичаени симптоми кои траат подолго време.

– Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или чувство на интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место, колку што е можно  побрзо  и  измерете  ја  својата  телесна  температура.  Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате.

–  Ако  имате  болни  грчеви  во  мускулите  на  нозете,  рацете  и  стомакот,  што побрзо одморете  се  на  постудено  место  и  напијте  се  течност  што  содржи електролити. Медицинска помош е потребна ако грчевите траат подолго од еден час.

–  Ако  некој  член  од  вашето  семејство  или  лице  на  кое  помагате,  има  топла  и сува кожа или е во бесознание, веднаш повикајте 194! Додека се чека итната медицинска помош,  префрлете  го  на  студено  место  и  ставете  го  во  хоризонтална положба, подигнете  му  ги  нозете  и  колковите,  отстранете  му  ја гардеробата, воспоставете надворешно  ладење  (студени  облози  на  вратот,  пазувите  и слабините и постојано прскајте  му  ја  кожата  со  вода).  Мерете  му  ја  телесната  температура.  Не  давајте терапија.  Ако  лицето  е  во  бесознание,  не  треба  да лежи на грб, туку завртете го во странична положба.

Препораки за раководителите  на  пензионерски  домови,  центри за долготрајна институционална грижа и здравствени установи

–  Да  се  почитуваат  препораките  за  однесување  при  топло  време  дадени  во едукативните  материјали  за  општата  популација.  Установите  (објектите)  да  се оддржуваат студени, а лицата во истите да бидат заштитени од топлина, да останат во студено и да внесуваат доволно количество течности.

–  Да  се  следи  внатрешната  температура  на  објектот.  Да  се  обезбеди барем една студена  соба  (соба  со  клима  уред  и  температура  пониска  од  25  степени Целзиусови).  Да  се  овозможи  пациентите  (станарите)  да  поминуваат  во  студените простории по неколку часа дневно.

–  Општиот  доктор  да  направи  ревизија  на  редовното  земање  на  терапија на хроничните болни.

– Да се следи внесувањето на течности од страна на пациентите (станарите), нудете (служете)  безалкохолни  и  незасладени  пијалоци,  следете  им  ја  телесната температура, пулсот, крвниот притисок и хидратацијата.

– Внимавајте на рани знаци на топлотни болести и започнете соодветен третман.

– Информирајте и обучете ги вработените. По потреба зголемете го нивниот број.

  /Фото и текст: топлотнибранови.мк/

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.