Денеска во 12 часот на платото на УКИМ ќе се одржи заедничко оддавање почит и изразување поддршка за жртвите на трагичниот пожар во дискотеката “Пулс” во Кочани, објавија од Универзитетското студентско собрание.
Тие најавуваат дека во текот на целата недела ќе организираат собири, за нивна локација и време студентите, учениците и граѓаните ќе бидат дополнително известени.