Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денот на албанското знаме: Од достоинствени прослави, до сквернавење на државно знаме

0
By Zoran Ivanov on November 29, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денот на албанското знаме го прославија Албанци и од дијаспората во САД, Грција, Швајцарија, Турција, Словенија и многу други земји низ светот.

Диана Тахири

Република Албанија na 28 ноември одбележа 112 години независност. Во Тирана по втор пат се одржа манифестацијата „Парада на Албанците“, под покровителство на градоначалникот на Тирана и Сојузот на албанските општини во регионот, Ерион Велиај, а во соработка со здружението „Албански корени“ (Albanian Roots), на овој свечен настан се собраа градоначалници, потпретседатели и општински советници од сите краишта Албанија, како и претставници од арбрешките  општини.

На булеварот во албанскиот главен град Тирана, продефилираа 300 групи уметници.

На манифестацијата „Парада на Албанците“,  учествуваа и претставници на неколку општини од Република Северна Македонија.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во своето обраќање по повод  денот на независноста, кој инаку се нарекува Денот на знамето, упати порака особено до политичката класа каде побара од нив „да ги свртат очите кон народот“.

На официјалната церемонија на подигнување на знамето во Валона присуствуваше и премиерот на Косово, Албин Курти, заедно со премиерот Еди Рама, претседателот Бегај и претседателката на Собранието, Елиса Спиропали.

112-годишнината од независноста на Албанија беше одбележана и од Автокефалната православна црква на Албанија, која организираше Доксологија на знамето во сите православни храмови во земјата. Доксологијата е дел од светата Литургија со пофална содржина, во која се изразува благодарност и почит кон албанското знаме и држава.

И во Република Косово националниот празник 28 ноември се славеше на плоштадите низ градовите, украсени со црвено-црни национални,  и државни знамиња.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, рече дека 28. ноември не е само симбол на битките и триумфите, туку и спомен на жртвите да се биде слободен, во мир и гордеење.

„28 ноември е симбиоза на три историски моменти кои ја воздигнуваат нашата нација: кревањето на знамето во Валона и прогласувањето на независноста на Албанија, јавниот настап на ОВК и роденденот на легендарниот командант Адем Јашари“, порача Османи.

Денот на албанското знаме го прославија Албанци и од дијаспората во САД, Грција, Швајцарија, Турција, Словенија и многу други земји низ светот.

Денот на албанското знаме се прослави и во Република Северна Македонија.

Албанскиот амбасадор, Н. Е. Денион Мејдани, пред два дена беше домаќин на приемот по повод годишнината на независноста на Р. Албанија. На приемот беше поканета и учествуваше и претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, која упати честитка по повод Националниот ден и 80-годишнината од ослободувањето на Република Албанија.

„Нашите две држави негуваат пријателски односи и споделуваат визија за стабилен и напреден регион. Подготвени сме за натамошно унапредување на севкупната соработка, во интерес на нашите граѓани.“, порача Силјановска Давкова.

Денот на знамето се прослави со низа свечености и културни активности низ општински основни и средни училишта во земјата, a лидерите на политичките партии од албанскиот блок излегоа со пригодни честитки и пораки за националниот празник на Албанците ширум светот.

Од прослава – до дивеење по улици и сквернавење на државното знаме

Во вечерните часови, денот на знамето беше одбележан со колони возила со развеани албански знамиња низ неколку општини во земјава, а во текот на прославата се случија и неколку инциденти во кои беше газено и палено знамето на Република Северна Македонија, што предизвика осуда од политичките претставници на различни партии, но и од голем дел граѓани од сите етнички заедници, вклучувајќи ги и Албанците.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ВЛЕН, ЗНАМ и Левица ги осудија инцидентите со сквернавењето на македонското знаме во текот на вечерните прослави.

Од Јавното обвинителство соопштија дека преземаат дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ.

Од МВР јавуваат дека до сега се приведени осум лица кои учествувале во инцидентите кога, по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик што се однесува на „предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ за што е предвидена казна затвор од минимум една година.

ЦИВИЛ –Центар за слобода во соопштение до јавноста упати остра и недвосмислена осуда за инцидентите со палење на државното знаме во кои беа инволвирани млади луѓе, вклучително и малолетници, под влијание на опасната националистичка реторика.

„Овие дела не само што симболизираат деструктивност и непочитување на принципите на соживотот и мултикултурализмот, туку и ја продлабочуваат омразата и поделеноста во нашето општество.“, порачуваат од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ упати повик до сите одговорни институции, лидерите во заедниците, но и родителите, просветните работници, граѓанските организации и сите одговорни и достоинствени луѓе да преземат итни мерки за промовирање на толеранцијата и да преземат итни чекори за интензивна едукација против омразата по било која основа.

По синоќешните инциденти, на социјалните мрежи не изостанаа ниту коментарите со говор на омраза, кои мониторинг тимот на ЦИВИЛ ги архивира и по кои, како што е вообичаено, ќе излезе со јавен извештај, анализи и препораки.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.