Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деновиве ќе се решава за изолацијата на асимптоматските случаи со Ковид-19, засега без одлука за датумот за старт на второто полугодие за учениците

0
By Ivana on January 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наредните денови Комисијата за заразни болести ќе треба да донесе одлука за предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2, кои се асимптоматски случаи.

Членовите на Комисијата на вчерашниот состанок ја разгледуваа и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемиолошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука.

Според последните податоци во земјава, омикрон варијантата на коронавирусот e детектирана кај 68 отсто од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје. Омикрон сојот е откриен во 12 градови и тоа во Скопје, Охрид, Кочани, Тетово, Велес, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Виница, Неготино и Битола.

Согласно анализите на Институтот за јавно здравје, во период од една седмица за 51 процент е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2. Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27 проценти), 20-29(24 проценти) и 40-49(17 проценти). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9(2 процента). Најголемо зголемување на заболени е кај возрасната група од 20-29 години како и кај возрасната група од 30-39 години.

Според извештаите од болниците, на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41 процент повеќе во споредба со претходна недела. Зголемен е и бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти.

Според епидемиолошките анкети најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај три дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. Се апелира граѓаните кои чувствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се изолираат за да спречат ширење на вирусот.

Вчерашните податоци на Институтот за јавно здравство покажуваат дека бројот на активни случаи со КОВИД-19 во земјава изнесува 12.333. Вкупниот број на инфицирани од почетокот на епидемијата достигна 236.241. Според вчерашната статистика, од направени 7.724 тестови, регистрирани се 1.964 нови случаи со КОВИД-19.

Од новодијагностицираните во Скопје се 1070, Битола 226, Прилеп 122, Куманово 52, Охрид 51… Починати се седум пациенти, сите во болнички услови.

Како што соопшти ресорното министерство, поради технички проблем во системот „Мој термин“, во текот на вчерашниот ден не се евидентирани оздравени лица. Тие ќе бидат прикажани во денешната информација.

Бројот на новозаболени од Ковид-19 расте и во земјите од регионот. Така, во Србија вчера првпат е регистриран петцифрен број новозаразени со коронавирус или 13.693 од вкупно направени 37.402 тестирања, што е најголемата дневна бројка на инфоцорани од почетокот на епидемијата.

Највисока бројка на новозаболени во еден ден од почетокот на пандемијата бележат и Словенија со 5.163 инфицирани лица и Албанија со регистрирани 2.177 новозаразени со коронавирусот.

Здравствените власти во Грција очекуваат во следните две седмици да има голем број нови случаи и висока стапка на позитивност на Ковид-19. Во земјата доминантен е омикрон сојот. Со помош на тестовите за домашна употреба, задолжителни за учениците и просветните работници, за два дена во Грција беа откриени над 25.000 позитивни случаи.

Според Светската здравствена организација (СЗО), над половината од луѓето во Европа би можеле да бидат заразени со новиот сој на коронавирусот – омикрон.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.